11 Декември, 2025
0.0505

ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2025 14:59

Добивај вести на Viber

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб плус“ гостин на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е Штефан Павлињек, директор на групацијата „Рото“, познат стопанственик и претприемач,пионер на ротомолдинг-технологијата во Централна и Југоисточна Европа и долгогодишен љубител на авијацијата. Разговорот се фокусираше на развојот на групацијата „Рото“, воведувањето напредни ротомолдинг-технологии за производство на полимерни производи и на освојувањето на регионалните и на светските пазари.

Павлињек својата кариера ја започнал веднаш по дипломирањето како машински инженер, во малата занаетчиска работилница што ја основал во 1974 година. Со развојот на ротомолдинг-технологијата и на новите производи, постепено откупувал фабрики низ поранешна Југославија – токму оние кои биле негови конкуренти – поставувајќи ги темелите на денешната меѓународна групација „Рото“, која денес работи во четири европски земји.

Павлињек истакна дека групацијата „Рото“ денес располага со осум производствени фабрики ориентирани кон извозот. Секоја фабрика е специјализирана за сопствен тип на производ: од буриња за вино, резервоари и мелиорациски системи преку делови за трактори, јахти, мотори и за авиони до целосна изработка на чамци, јахти и кајаци. Со растечката еколошка свест, групацијата интензивно инвестира во опрема за прочистување на водите, која се развива и се произведува во фабриките во Франција, Англија и во Словачка.

Павлињек потврди дека групацијата има фабрика и во Северна Македонија, во Виница.

Тој изјави дека од работа исклучиво на регионалниот пазар компанијата денес извезува во околу 70 држави низ светот. Ширењето на меѓународниот пазар значително придонело за подобрување на квалитетот на производите, а барало и современа технологија на производство, стручен кадар и воведување нови стандарди во работењето. „Основната цел ни е да ги задржиме постојните пазари, но истовремено да создаваме и нови производи“, истакна Павлињак.

Покрај успешен деловен човек, Павлињек е и искусен пилот и коорганизатор на меѓународни шампионати со балони на топол воздух. Поседува сопствен авион, кој го смета за неопходно превозно средство во време на глобализација на економијата, затоа што, според него, присуството на пазарите и комуникацијата со клиентите се клучни. Пилотирањето го споредува со водењето компанија – мора да имаш цел, пат до целта и способност да управуваш со ризици.

Во 2015 година, во Ловењаков Двор во Полана кај Мурска Собота, основал сопствена дестилерија „Св. Стефан“ за производство на жестоки пијалаци, ликери, вино и ракија.

Павлињек е активен и во јавниот и во професионалниот живот: претседател е на Балонската секција при Воздухопловната асоцијација на Словенија, почесен конзул на Република Северна Македонија во Словенија од 2014 година, претседател на Стопанската комора за занаетчиство и мали бизниси на Словенија (2002 – 2012), како и словенечки вински конзул и витез.

Меѓу големиот број признанија што ги има добиено, како свое најдраго признание ја издвојува ЕУ-наградата за извонредност во семејниот бизнис од 2016 година, која, како што вели, е најсилна потврда за неговата работа и долгогодишна посветеност.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците

„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците

Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол

Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол

КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона

КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона

0% каматаааа целааа зимааа

0% каматаааа целааа зимааа

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“

„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација