10 Јуни, 2023
0.0243

Каква пара прави битолска „Квасара“?

Објавено во: Економија 21 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Продажбата на квасец и медицински алкохол (познат како спирт) произведен во единствената македонска компанија за таа намена порасна за 40 отсто лани во споредба со претходната година. Но и покрај тоа компанијата и лани работеше со загуба и тоа втора година по ред. Дали е причината во  инвестицискиот процес со кој Квасарата станува производител на зелена струја?

Битолската фабрика за квасец и алкохол лани ја зголеми продажбата за 40 отсто и успеа да инкасира 8,7 милиони евра во најголем дел од продажбата на својот заштитен знак – пекарскиот квасец.

Според официјални јавно достапни податоци објавени на веб страницата на Македонската берза, Фабриката за квасец и алкохол лани ја зголеми продажбата за 2,5 милиони евра. Вкупните приходи на компанијата лани изнесуваат 8,9 милиони евра.

И покрај интензивниот и силен раст на приходите од продажба оваа уникатна домашна компанија минатата година ја завршила со загуба од работењето. Загубата изнесува 777.000 евра, а во најголемата мерка таа е резултат на драстичното зголемување на останатите оперативни расходи кои се зголемени за 1,5 милиони евра во споредба со 2021 година и лани достигнале вредност од 3,6 милиони евра.

Покрај останатите оперативни расходи, раст бележат и средствата потрошени за набавка на материјал и ситен инвентар за речиси 600.000 евра во споредба со претходната година. Тие се најголема расходна ставка и изнесуваат 4 милиони евра.

Лани во трошковната структура на битолската квасара нема раст на трошоците за вработени и тие изнесуваат 1,11 милиони евра.

Компанијата лани за финансиски расходи платила 192.000 евра што е за е 42 отсто повеќе од претходната споредбена година.

Сите овие параметри, оперативните трошоци и финансиските расходи, лани генерирале загуба што е за 65 отсто поголема од 2021 година.

Од билансот на состојба се гледа дека вредноста на материјалните средства на компанија лани достигнале вредност од 10 милиони евра и во споредба со претходната година се зголемени за речиси 300.000 евра. Во структурата на тековни средства најдрастична промена има кај побарувањата за аванси кои на крај на 2022 година вредат 1,1 милиони евра или 1 милион евра повеќе од претходната споредбена година. Побарувања од купувачи се намалени за 12 отсто и изнесуваат 1,2 милиони евра.

Долгорочните обврски на квасарата се зголемени за речиси 650.000 евра до износ од 3,57 милиони евра, а тековните обврски бележат минимално зголемување и изнесуваат 2,22 милиони евра.

Компанијата лани објави дека ќе вложи до 3 милиони евра во подобрување на енергетската ефикасност на компанијата преку инсталација на фотоволтаици за производство на струја и тоа на крововите на фабриката и во фотоволтаична централа. Во таа одлука беа планирани и средства за реконструкција на склад за гориво, котли за биомаса и за мазут со што би се овозможило производство на струја со турбини на водена пареа.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

За храна и пијалоци за едно семејство се потребни над 19.500 денари - колку „тежи“ минималната кошничка?

За храна и пијалоци за едно семејство се потребни над 19.500 денари - колку „тежи“ минималната кошничка?

БАЛКАНОТ "СПИЕ" НА ЗЛАТО: Откриено уште едно наоѓалиште во Босна и Херцеговина

БАЛКАНОТ "СПИЕ" НА ЗЛАТО: Откриено уште едно наоѓалиште во Босна и Херцеговина

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ - се продава Стоковната куќа „26 Јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ - се продава Стоковната куќа „26 Јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е ЛИДЛ: За што доби награда во Србија?

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е ЛИДЛ: За што доби награда во Србија?

Инвеститорите очекуваат нов пад на вредноста на турската лира

Инвеститорите очекуваат нов пад на вредноста на турската лира

Зошто централните банки ќе инвестираат во злато?

Зошто централните банки ќе инвестираат во злато?

ЗА БИТИЌИ ИНФЛАЦИЈАТА ПАДНАЛА: Економските политики давале резултати

ЗА БИТИЌИ ИНФЛАЦИЈАТА ПАДНАЛА: Економските политики давале резултати