Како „ОКТА“ се справи со „корона кризата“?
Објавено во: Економија 24 Ноември, 2020
„ОКТА“ во услови на бројни ограничувања на мобилноста предизвикани од здравствената криза, карантинот и вонредната состојба успеа да оствари добивка за првите девет месеци која надмина еден милион евра. Приходите од продажба до крај на септември изнесуваат 186,5 милиони евра
Единствената рафинерија за нафта во земјава, скопска „ОКТА“ и годинава е една од најголемите компании според остварениот приход во домашната економија и покрај специфичните услови и бројните економски ограничувања кои ги наметна здравствената пандемија предизвика од корона кризата.
„ОКТА“ за првите девет месеци годинава успеа да оствари приходи од продажба во износ од 186,5 милиони евра што поради бројните оганичувања предизвикани од состојбата со корона кризата е намалување за 43 отсто во споредба со истиот период лани. Во структурата на приходите доминира продажбата на домашниот пазар со 150,5 милиони евра. Извозот на „ОКТА“ годинава за девет месеци и донесе 36 милиони евра приход.
Бруто добивката на оваа голема компанија за првите девет месеци изнесува 8,7 милиони евра и тоа во споредба со лани е намалување за 30 отсто што и не е изненадување со оглед на тоа што повеќе од два месеци во земјава беше на сила вонредна состојба со интензитет на движење сведен на минимум.
Во структурата на трошоците најголемо учество има набавната вредност на трговските стоки на што годинава „ОКТА“ потрошила 177,8 милиони евра и тоа е за 44 отсто помалку од истиот период лани. За пофалба е тоа што во овој период на ограничувања „ОКТА“ покажала грижа за човечките ресурси и трошокот за нив бележи зголемување за 2 отсто во однос на истиот период лани и изнесува 2,9 милиони евра.
Оперативната добивка на друштвото за девет месеци е 1,2 милиони евра и бележи пад од 62 отсто во однос на лани. Нето добивката во „корона услови“ надминува еден милион евра.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.