05 Декември, 2025
0.0340

КАКО ПОЧИНАЛ ПОПУЛАРНИОТ РАПЕР АРОН КАРТЕР - пронајден е мртов во када, имал проблеми со зависности

Објавено во: Стил 06 Ноември, 2022 12:37

Добивај вести на Viber

Американскиот пејач и актер Арон Картер е пронајден мртов во својот дом во Ланкастер, Калифорнија. Телото на 34-годишниот Картер било пронајдено во када.

Полицијата соопшти дека во 11 часот по локално време добила итен повик дека „маж се удавил во када“. На местото на настанот се испратени детективи и според првични те информации, на телото не се забележани траги на насилство.

Арон е брат  на познатата поп икона и пејач на Backstreet Boys, Ник Картер.

Картер вкупно објави пет студиски албуми, од кои првиот на деветгодишна возраст.

Имал проблеми со зависноста, поради што неколку пати бил на рехабилитација, пишува „Дејли мејл“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: