19 Декември, 2025
0.0380

Како помина првиот ден на берзата за струја? Прометот е 40.000 евра

Објавено во: Економија 11 Мај, 2023 08:44

Добивај вести на Viber

Струјата што е истргувана на Македонската берза ќе се троши денеска. Највисока е цената за испорака денеска во 21 часот и таа изнесува 170 евра за еден мегаватчас. Најниска цена е платена за струјата што ја потрошивме денеска во 4 часот наутро и таа изнесувала 91 евро за мегаватчас. Вкупната истргвана струја на берзата е околу 2 отсто од тоа што сите потрошувачи во нашиот систем ќе го потрошат денеска. Аирлија!

Осамна првиот ден на берзата за струја. По повеќе од деценија и половина од склучувањето на првиот меморандум со кој МЕПСО декларираше дека сака и може да прави берза за струја (декември 2005 година) конечно вчера на 10 мај 2023 година алгоритамот на Македонската берза за струја ги порамни првите трансакции со електрична енергија.

Да, прометот е симболичен во споредба со соседните пазари на електрична енергија, но за нас и повеќе од важен. Затоа што почнува една нова ера во која има два клучни исчекори кои поставуваат нови стандарди по што нема назад.

Првиот е тоа што цената за еден мегават електрична енергија ќе ја пресметува легален, признаен и проверен софтвер на кој „никој не може да му се јави и да му се меша или суфлира“ и таа цена ќе ја вади транспарентно за секој час во едно деноноќие.

Вториот е тоа што берзата како организиран пазар за струја гарантира дека продавачот на струја сигурно ќе ги добие сите пари навреме за продадената струја, а купувачот ќе ја добие навреме струјата што ја платил.

За фирмите и за граѓаните потрошувачи ценовниот сигнал постигнат на берзата значи навремена и точна информација која е квалитетен катализатор за носење на деловни одлуки.

За потенцијалните инвеститори во генератори на струја ценовните информации на берзата значат квалитетет инпут за анализи кои треба да бидат основа за одлуки за вложување во капацитети за производство на струја.

Како помина првиот берзански ден?

Вкупниот промет со струја на берзата вчера изнесува 39.714 евра. Беа устргувани вкупно 341,6 мегаватчасови струја за сите 24 часа која ќе биде испорачана и потрошена денеска (11 мај 2023 година). Истргуваната количина се очекува да биде до 2 отсто од целата потрошувачка на струја во македонскиот електроенергетски систем

Највисока цена е постигната за 21 часот (9 вечер) денеска и незината цена изнесува 170 евра за еден мегават час. За тој час купени се вкупно 12 мегаватчасови струја.

Најниска цена е постигната за 4 часот ова утро и нејзината цена изнесува 91 евро за еден мегаватчас. Истргувани се 21,3 мегаватчасови.

Најголема количина струја е купена за 7 часот утрово. Станува збор за 23,1 мегаватчасови, а цената е 112 евра за еден мегаватчас.

Цената за еден мегаватчас набавен за период од 24 часа (банд или базна цена) изнесува 115,8 евра за еден мегаватчас, а цената за скапите часови (пик цена). Вообичаено важи за набавка во часовите од 8 наутро до 22 навечер.

Сите детали се на овој линк http://dam.memo.mk/?fbclid=IwAR1etv6hnFji4r-f8-SZbrnjeDMyiW1OHLXKcOlLXSlttEQ9cUpDDzmhK5E

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар