Како помина транзицијата на Зоран Шапуриќ од министер до прв инспектор
Објавено во: Економија 29 Април, 2020 07:00
Државниот земјоделски инспекторат под водство на Зоран Шапуриќ доделил 288 парични казни, од кои речиси пола во рибарството, во минатата година. Директорот на ДЗИ може да се пофали и дека предводел инспекторат во година кога инспектор добил отказно решение, што познавајќи го македонското поднебје, на истото може да се гледа во позитивен контекст. Во изминатите години такво нешто немало, а инспекторот сепак добил отказ поради прекршок во Законот за работни односи, а не поради евентуално несовесно работење или злоупотреби.
На крајот од минатата година заради палење на стрништа и загадување на воздухот инспекторатот направил 452 контроли, издал 43 парични казни и 11 барања за прекршочни постапки. Констатирана е опожарена површина од 270 хектари. Оваа акција е посебно издвоено во соработка со МВР и противпожарните екипи.
За повеќе од 5.700 вонредни надзори е подобрена евиденцијата во 2019 споредено со 2018. Бројот на едукации е зголемен за повеќе од два и пол пати од една година претходно и изнесува 364 во обид на прекршителите да им се укаже со опомена пред казнување. Од заплени, најмногу имало овошни садници - преку десетина илјади.
Шапуриќ беше министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија. Во септември, како дел од промените во Владата, беше „прекомандуван“ од вицепремиерксата функција во директорската на чело на ДЗИ.
ДЗИ е инспекторат со еден од најголемите буџети - 2,2 милиони евра и со повеќе од 110 вработени.
А.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





