Како расте Шпаркасе банка?

Објавено во: Економија 09 Март, 2020 07:03
Во острата конкуренција на два директни ривали (големи средни банки) и во конкуренција на трите гиганти и најбрзорастечката Халк банка, Шпаркасе има успешна година затоа што бележи раст на трите клучни параметри : актива, кредити и депозити
Одлични вести за акционерите на австриската Шпаркасе во Македонија! Нивната аквизиција со седиште во Скопје лани значајно ја подобри својата пазарна позиција и книжи раст во клучните параметри: кредити, актива и депозити. И тоа во острата конкуренција на покрупни средни банки во која се натпреварува пред се со УНИ Банка и во Прокредит кои исто така имаат успешни деловни години.
Веќе може да се претпостави дека со наметнатиот стил на работа и експанзијата на пазарот Шпаркасе заедно со Охридска банка, која беше превземена од матицата пред неколку месеци, овие две банки ќе бидат посериозна конкуренција и за трите гиганти Стопанска банка Скопје, НЛБ Банка, Комерцијална банка и брзорастечката Халкбанка.
Што направи Шпаркасе?
Активата на Шпаркасе на крај на 2019 година достигна 399,3 милиони и во споредба со крајот на претходната 2018 година бележи раст од солидни 51,3 милиони евра односно поголема е за 14,7 отсто што секако е резултат за почит (подобар резултат изразен во проценти има само Халк банка н.з.). Веројатно за нив е најзначајно тоа што по овој параметар се пред директните конкуренти (од аспект на големината), а тие се поголемата Прокредит банка и помалата УНИ Банка. Учеството на Шпаркасе банка во вкупната актива за 2019 година е 4,5 отсто и во споредба со претходната година книжи раст од 0,2 отсто.
На пазарот на кредити Шпаркасе банка бележи зголемување на портфолиото за 32,4 милиони евра до ниво од 273,4 милиони евра, остварила раст од 13,4 отсто. По овој параметар има помал раст во апсолутен износ од УНИ Банка и од Прокредит, но по вкупниот износ на пласирани кредити е по Прокредит банка и пред УНИ Банка. Шпаркасе банка лани во вкупното кредитирање учествува со 4,95 отсто и тоа е раст за 0,35 отсто на пазарната позиција во однос на претходната 2018 година.
Кај депозитите растот е најмал во споредба со претходните две категории. Нивното ниво на крајот на 2019 година изнесува 232,7 милиони евра и во апсолутен износ нивната вредност е за 15,7 милиони евра односно за 7,2 отсто повеќе од претходната година. Во однос на директната конкуренција Шпаркасе банка има помала депозитна база. Во вкупните банкарски депозити за 2019 година Шпаркасе учествува со 3,53 отсто што е речиси исто ниво како и во 2018 година кога учеството во вкупните депозити било 3,6 отсто.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
„СПРЕЧИВМЕ РАЗРАБОТЕНА ШЕМА НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ СО УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА“: Николовски за работата на Царина и растот на приходите

КИНЕСКИОТ ИЗВОЗ ДРАМАТИЧНО ПОРАСНАЛ ВО МАРТ - испораките се зголемија пред најавените нови царини од САД

ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА - се намалуваат дел од цените по полноќ, но не сите

ИНТЕРВЈУ СО ТОНИ СТОЈАНОВСКИ, ДИРЕКТОР НА НЛБ БАНКА: Стратешки приоритет на НЛБ Банка е до 2030 година да биде целосно дигитална банка
НАЈГОЛЕМА Е БРУТО ГОДИШНАТА ПЛАТА ОД 213.286 ЕВРА: Само еден отсто од вработените во Германија го заработиле тој износ

САМО ДВА ДЕНА ОТКАКО БЕА ИЗЗЕМЕНИ - Трамп повторно најавува царини за паметните телефони и за компјутерите

ЕУ би можела да ги укине царините за кинеските автомобили - под еден услов

Колку се заработува од управување со задолжителен пензиски фонд во Македонија? Едно од друштвата ќе подели 2 милиони евра дивиденда!

На еден од четирите автопати на Бехтел и Енка се уште не е почнато ништо да се работи
