28 Септември, 2024
0.0262

Како Русија се справува со потребата од градинки?

Објавено во: Анализа 25 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Со своите 11,5 милиони жители руската престолнина Москва е петтиот по големина град во светот и најголем во Европа. И воочливо се чувствуваат проблемите на метрополата - метеж, одземање часови за движите од едно место на друго, како и ограничени социјални услуги. Пред неколку години местата во градинките исто така не биле доволни. Работите сепак се менуваат само во рамките на неколку години - од почетокот на 2012 година досега се создадени повеќе од 140 илјади места. Така оваа година секое дете на возраст меѓу 3 и 7 години во Москва веќе има свое место во градинка. Во новата учебна година во градинките ќе влезат 420,8 илјади деца, надвор од системот ќе останат само 160 деца. Пред неколку години, ситуацијата била проблематична. Статистичките податоци до 2012 година се индикативни за состојбата на нештата - бројот на градинките во цела Русија се намалува за 3% до 44 илјади установи во периодот 2008 - 2012 година. Истовремено, сепак бројот на децата во градините се зголемува - од 5,1 милион до малку под 6 милиони во 2012 година. Решението руската престолнина го наоѓа во јавно - приватните партнерства. Благодарение на нив во градот од 2012 година досега се изградени 130 нови градинки , а потоа со поправка во системот се вратени уште 80 згради. Во оваа година Градското собрание во Москва планира да изгради нови 36 градинки , а голем број згради ќе бидат реконструирани. Подобрување на ситуацијата доаѓа не само по активната изградба на детски градинки, но и по лансирањето на програмата "рубљата за еден квадратен метар" , чија цел е зачувување на згради , споменици на културата. Во програмата , сепак се вклучени и дел од поправките на детски установи, а се прават и поправки на згради, кои подоцна се приспособуваат за градинки. По оваа програма градинките реално се даваат под закуп за период од 49 години и цена од една рубља за квадратен метар поради реновирањето на зградата. Парите сепак се плаќаат дури откако властите ќе се уверат дека поправката е извршена квалитетно и има гаранции за безбедноста на децата. Во рамките на програмата само за оваа учебна година се склучени договори за 17 простории. Вкупно под закуп се дадени 25 приватни градинки, а од буџетот на Москва се доделуваат субвенции за 67 приватни градинки. Се разбира, цената во приватните градинки ва оваа фаза е и повисока. Рускиот претседател Владимир Путин сепак и довери задача на работна група да најде начин цените во приватните и државните институции да бидат израмнети . Ова може да се случи откако ќе влезат во сила финансиски механизми преку кои парите од регионалните и општинските буџети ќе им следуваат на децата не само во државните, туку и во приватните установи. За споредба, Македонија секојдневно се соочува со проблемот за сместувањето на децата во градинките, нема нова идеа, а ни најава за брзо решение на овој проблем. Стотина родители се запишале на листи за чекање по скопските државни детски градинки. Во градинките има повеќе деца од капацитетот на објектите. Најчесто како излез од овој проблем се дава одговорот дека во Скопје како најнаселен град е очекувано капацитетите да се преполни. К.К.