05 Декември, 2025
0.0426

Како се движат светските берзи во очекување на нова војна?

Објавено во: Анализа 02 Септември, 2013 08:42

Добивај вести на Viber

Изминатиот период на светските берзи беше проследен со повеќе политички случувања отколку со некои посебни економски настани. Дилемата дали ќе има напад на Сирија очекува предизвика колебања на инвеститорите и го запре претходниот голем раст.

Да видиме како стојат најголемите светски берзи: Ова е шестмесечен график на најпознатиот индекс во светот, американскиот ДАУ, кој е составен од 30 компании. После период на огромен, според многумина неоправдан раст очигледно е дека е дигната рачна и дените се вратени на почетокот на летото. Како што гледате во мај и на почеток на август е направен двоен врв кој не успеа да се пробие и дојде време за корекција, која според некои аналитичари е само почеток на позначаен пад. Слична ситуација имаме и во Германија, со тоа што овде осцилациите се малку поголеми, но како што може да се забележи и оваа берза нема засега сила да го надмине и задржи нивото од 8.500 поение. Гледајќи ја берзата во САД и овде може да се очекува посен септември за инвеститорите. За разлика од Европа и САД, Кина баш и не ковелира со тамошните случувања. Берзата во Пекинг почна да расте кога западните берзи почнаа да губат здив. Сепак, тука мора да напоменеме дека Кинеската берза на подолг рок гледано (од неколку години) има далеку полоши перформанси од оние во Европа и Америка. За крај даваме преглед на Сенсекс, индексот од Индија кој покажува двоен врв кој не се достигнал и една посилна корекција од близу 15% која последните два дена е ублажена, но сепак на навестува весел период за тамошните инвеститори. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени