Како се движеа продажните цени на индустриските производи во мај?
Објавено во: Економија 28 Јуни, 2016 14:05
Во месец мај годинава пораснале продажните цени на индустриските производи.
Продажните цени на производителите на индустриските производи на домашниот пазар во мај биле повисоки за 0,8 проценти на месечно ниво и за 0,5 проценти на годишно ниво.
Ова денеска го објави Државниот завод за статистика. Споредбено со април, продажните цени се повисоки во групите нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 1,5 и интермедијарни производи, освен енергија за еден процент, а во групата капитални производи се на исто ниво.
Во однос на мај лани продажните цени се повисоки во групите капитални производиза 7,6 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 проценти, енергија за 1,6 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 проценти.
Можеби ќе ве интересира
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра




