29 Септември, 2024
0.0235

Како се привлекуваат инвеститори?

Објавено во: Анализа 29 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Млади таленти, не особено високи плати и расположливи свежи пари: со овој рецепт Будимпешта ги множи новоизградените компании и сонува да стане централноевропска престолнина на младите технолошки компании. Амбиција, која веќе се материјализира во исклучително модерни канцеларии, изградени целосно од стакло, на Ustream, снабдувач на Samsung, Sony и Cisco, каде што сопственикот Гјола Фехер, со апостолки на нозете, ја раскажува неговата приказна. Ustream, компанија специјализирана во видео стриминг и основана во 2007 година, веќе овозможува работа за 250 лица, од кои половината се во унгарската престолнина, а другите - во Калифорнија, Сеул и Токио. Нејзината вредност беше проценета на 150 милиони долари од Economist. "Ако ја создадевме новата кампања во Силиконската долина, немаше да ни забележат", објаснува Гјола Фехер, кој има 36 години, има интереси во секакви области, а по образование е правник. "При постоење на потребните таленти, заклучивме дека нашите активности ќе се развива добро и тука ". Ustream е во првите три од близу 200 новосоздадени приватни компании, кои тргнале од дунавските брег, за да го освојат светот. На врвот е LogMeIn - "облак", кој овозможува далечински да се управува информативен парк. Компанијата се проценува на 1,2 милијарди долари. "За пет години успесите се намножија", ентузијастички раскажува Петер Арваи, основачот на Prezi (механизам за претставување на 3D). Неговата компанија е третата најголема меѓу унгарските "новоизградени ѕвезди". "Креативната енергија почнува да се ослободува на материјален начин". Добро подготвени инженери и на добра цена Квалитетот на научната подготовка има долга традиција во Унгарија. Освен тоа, оваа земја гради мостови меѓу универзитетот и компанијата. Националниот институт за иновација е реинкарнација на оваа насоченост. Основан во 2012 година, тој доби стабилна поддршка уште следната година, според владиниот план, чија цел е да стане Будимпешта Централноевропска престолнина на новите развивачки компании до 2020 година. Давид Отлик, коосновач на Synetiq, компанија која прави пари од анализата на чувствата, тврди дека во Унгарија лесно можат да се најдат пари: "Има многу пари, кои само треба да побсакаш да ги инвестираш, и помалку надеж за "ново развивачки компании". Во Сан Франциско е обратно! ". Еден од изворите на свежи пари е програмата Jeremie, која е дел од европската политика за регионален развој. Пред овој механизам, замислен за да го олесни пристапот до финансирање на малите и средни претпријатија и новите компании, "проодуваат компании кои беа запоставени и парите одеа за помалку ризични економски проекти", коментира Јудит Каршаи, економист во Академијата на науките на Унгарија. Други елементи, кои според неа, ја издвојуваат Унгарија од нејзините соседи се: "Присуството на државни пари и присуството на квалификувани инвеститори на капитал". Најпосле има и еден одлучувачки фактор - ниското ниво на унгарските плати продолжува "burn rate", или со други зборови времето, со што една новоформирана компанија го има од раѓање во клучната фаза на своето постоење, кога ги прави првите чекори пред да го снема првичниот капитал. Десетици дополнителни часови Чонгор Биаш, директор на проектот во Design Terminаl, инкубатор за новоразвивачки компании, финансиран од унгарската влада потсетува дека "секоја година од 8000 до 10 000 млади инженери кои добиле образование во Унгарија, ја почнуваат својата кариера, добивајќи 250 000 форинти месечно (810 евра), што е четири пати помалку отколку што добиваат нивните колеги во Берлин ". Како една од сенките во оваа успешна приказна на Будимпешта набљудувачите не пропуштаат да го истакнат фактот дека некои проекти, објавени на крајот на 2013 година од Владата, се уште чекаат финансирање. Финансистот Имре Хилда, директор на iCatapult, исто така, укажува дека во некои унгарски новосоздадени компании, вработените се уште не се навикнати да работат дополнителни часови, како што го прават нивните колеги во странство. Тоа не е причина да се замрачува оптимизмот на Петер Арваи, според кого "во Будимпешта има толку креативност и амбиција", како и во признатите центри на високите технологии како Лондон, Берлин и Стокхолм. К.К.