КАКО СЕ ЗАПОЗНАЛЕ, ЗАСАКАЛЕ И КОЈ ЈА СПАСИЛ НИВНАТА ЉУБОВ - објавена книга за Макрон и Брижит
Објавено во: Свет 01 Март, 2021 11:19
Емануел Макрон е 24 години помлад од неговата сопруга, Брижит, а во неа се вљубил како средношколец. Нивната врска, уште од самиот почеток наишла на осуда. Неговите родители во еден момент биле близу до одлука да ја пријават на надлежните и да ја обвинат Брижит за непристојна врска со нејзиниот ученик.
Денешната прва дама на Франција ја спасила бабата на Макрон, Манет, која била единствената што ја поддржувала двојката, се открива во книгата „Deux Jeunesses Françaises“ објавена кон крајот на јануари годинава.
Во неа, Ерве Алгаларондо се осврна на контроверзната љубовна приказна помеѓу францускиот претседател, тогаш 15-годишен ученик и неговата сегашна сопруга Брижит Макрон, која во тоа време му била наставничка.
Тие се запознале во 1995 година во училиштето „Lycée La Providence“ во Амиенс, во кое бил запишан Емануел, а Брижит работела како професор по француски јазик и литература, а исто така водела и драмска група. Тие се запознале за време на пробите во театарот и се вљубиле.
Во тоа време, Брижит била мажена за Андре-Луис Озиер со кого има три деца, а 15-годишнниот Макрон ја освоил, со својата интелигенција. Дека Макрон бил исклучително бистар млад човек, потврдуваат и авторот на книгата и неговите соученици од тоа време кои велат дека денешниот претседател на Франција бил повеќе од примерен ученик.
Неговите родители сакале да ги разделат. Но, неговата баба сфатила колку Брижит е важна за нејзиниот внук, па дури им помагала тајно да се состануваат на почетокот на врската. Бабата на Макрон, Манет почина во 2013 година и до последен ден го поддржувала внукот и неговата љубов кон Брижит.
Можеби ќе ве интересира
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат




