Како со минимално вложување да почнете работа од дома и да бидете сам свој шеф? : Интервју со Горан Николиќ, Директор во Herbalife Nutrition за регионот на Југоисточна Европа
Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2021
Интервју со Горан Николиќ, Директор во Herbalife Nutrition за регионот на Југоисточна Европа
Директната продажба сè повеќе се покажува како идеален бизнис на современото време, и како начин за остварување дополнителен приход, и како можност за самостојно водење бизнис. Покрај тоа, оваа прилика е отворена за сите поединци или семејства, без оглед на возраста, степенот на образование, искуството или финансиските ресурси.
Луѓето што ќе почнат бизнис во директна продажба сами си креираат работно време, сами одлучуваат колку ќе работат и се сам свој шеф.
Во овие современи услови, воопшто не зачудува фактот дека приходите од директна продажба константно растат на глобално ниво, а одлични резултати во работењето се постигнуваат и на косовскиот пазар. За сите придобивки од овој тип работење, разговараме со Горан Николиќ, генерален директор во компанијата Herbalife Nutrition за ЈИЕ регионот. Тој е менаџер што своето меѓународно работно искуство го стекнал во компанијата „Нестле“, каде што извршувал некои од клучните функции во областа на продажбата и на трговскиот маркетинг.
Колку е директната продажба активна како фактор во хрватската економија?
НИКОЛИЌ: Можам да кажам дека резултатите што ги остварува секторот за директна продажба укажуваат дека директната продажба е доста активен фактор во хрватската економија. Во Хрватска, многу луѓе го избираат овој начин на работа, а и податоците од други Европски земји покажуваат дека концептот за директна продажба е атрактивен модел на работа. Секако треба да се земат предвид и младите луѓе кои денес сè повеќе се насочени кон приватно претприемништво. Во тој поглед, директната продажба е идеална, затоа што со минимален ризик ви овозможува да почнете сопствен бизнис и да остварувате хонорарна заработка или заработка со полно работно време.
Од гледна точка на клиент, кои се најголемите разлики меѓу директната продажба и класичниот начин на купување?
НИКОЛИЌ: За разлика од класичниот начин на продажба, директната продажба се базира на личен контакт со клиентот преку мрежа независни самовработени продавачи. Се работи за едуцирани и обучени Дистрибутери кои на своите клиенти покрај производите што им ги продаваат, им нудат и сеопфатни и индивидуализирани решенија. Индивидуализираниот пристап што го нудат Дистрибутерите е клучен, затоа што значи многу повеќе од продажбата на производи, обезбедува мотивација и поддршка што на купувачите им овозможува дополнителна едукација и самодоверба за промена кон подобро, во зависност од типот производи што ги користат. Затоа велиме дека „Разликата е во Дистрибутерите“.
Кои се најголемите разлики од гледна точка на независните продавачи што се дел од директната продажба?
НИКОЛИЌ: Од гледна точка на продавачите што вршат директна продажба, она што најмногу им прави разлика е флексибилноста, затоа што им овозможува сами да си избираат работно време и начин на работа со што целосно се прилагодуваат на потребите и обврските на луѓето. Директната продажба одговара за мажи, за жени и за семејства од сите социјални групи во општеството. Покрај тоа што сте сам свој шеф, потполно сте финансиски и економски независни од самата компанија, а од друга страна зад себе имате компанија што ви обезбедува редовна обука за производите и за продажбата. Всушност, ви обезбедува платформа преку која ги реализирате своите претприемнички идеи така што ја добивате целата потребна инфраструктура, техничка и маркетиншка поддршка и едукација, а вие со својата претприемничка амбиција имате слобода сами да креирате методологија на работење што најмногу ви одговара.
Сега кога во време на пандемијата на коронавирусот бројот на продажни места и движењето се ограничени, како да се стигне до купувачот?
НИКОЛИЌ: Со оглед на тоа дека продажните места немаат клучна улога во директната продажба, нашите Независни Дистрибутери се фокусирани на градење однос со своите клиенти. Сменето е тоа што е овој однос сега исклучиво виртуелен. Компанијата има задача да им помогне во ова и заедно да најдат начини како да им помогне во прилагодување на новонастанатите услови, како и на новата побарувачка, интереси и фокус на клиентите. Клиентите се тука и понатаму и имаат свои потреби, а она што се менува се нивните навики и интереси. Идејата за одржување здрав начин на живот дефинитивно ја надмина потребата од луксузни брендови. Многу е веројатно дека овие последици ќе траат подолго, па за таа цел компаниите треба да се прилагодуваат.
Како го оценувате бизнис моделот на Herbalife?
НИКОЛИЌ: Директната продажба на Herbalife функционира преку три клучни точки:
1.Разликата што ја прават Дистрибутерите: нашите производи може да се набават исклучиво преку нашите едуцирани и обучени Дистрибутери. Индивидуализираниот пристап на Дистрибутерите, покрај продажба на производите, опфаќа и мотивација и поддршка што на нашите клиенти им даваат самодоверба за промена кон подобро, а со тоа им помагаат да ги остварат своите цели, без разлика дали станува збор за регулирање на телесната тежина или за спортски цели.
2.Маркетинг планот на Herbalife: односно планот за компензација според кој го утврдуваме начинот на исплата на надоместот и бонусот на независните Дистрибутери е еден од најнапредните и најтранспарентните маркетинг планови во индустријата на директна продажба. Herbalife Дистрибутерите добиваат надомест исклучиво за продажба на производи, а не за воведување нови Членови.
3.Златниот стандард на Herbalife – претставува рамка за заштита на потрошувачите и го опфаќа следново:
Не постојат услови за купување минимална количина производи и почетните трошоци се многу ниски.
Гаранција за целосно враќање на средствата, 12-месечна гаранција за враќање на средствата за купување на Пакетот за Членство.
Гаранција за целосно враќање на средствата за сите неотворени производи купени во претходните 12 месеци.
На етикетата на секој производ јасно ги дефинираме корисните ефекти и начинот на употреба на производот – сакаме да бидеме целосно сигурни дека секој производ се користи правилно со цел да се постигнат вистински резултати. Секој може да стане Член на Herbalife. Златниот стандард важи за секој што е Член или потрошувач на Herbalife Nutrition.
Накратко, кои се предностите на работењето за Herbalife?
НИКОЛИЌ: Покрај горенаведените предности на нашиот бизнис модел, огромна предност се нашите висококвалитетни, наградувани производи што се поткрепени со бројни научни истражувања. Нашите производи се развиени од врвни, светски стручњаци, меѓу кои и господинот Луи Ињаро, добитник на Нобеловата награда за медицина. Со нашите производи ги задоволуваме потребите на потрошувачи во над 90 земји во светот преку повеќе од 4,5 милиони Членови.
Долгогодишната стабилност на пазарот го докажува нашиот успех. Оваа година ја одбележуваме нашата 40-годишнина, а со начинот на кој одговараме на денешните глобални трендови, како што се: епидемијата на дебелина, континуираниот раст на постарата популација, брзиот начин на живот со помалку слободно време, докажуваме дека нашата мисија за подобрување на квалитетот на животот е денес уште посуштинска од што беше во 1980 г. кога е Herbalife основан.
Дали може поедноставно да ни објасните како се заработуваат пари во Herbalife?
НИКОЛИЌ: Независните Дистрибутери добиваат надомест исклучиво за продажба на производи, но не за воведување нови Членови. Членовите може да остваруваат приход од малопродажба и од големопродажба, плус она што го нарекуваме „Royalty Overrides“ (заработка од организацијата) и бонуси. Покрај тоа што многу од нашите Членови остваруваат повремен или хонорарен приход, некои од нив се одлучуваат за можноста да работат со полно работно време што ја нуди Herbalife.
За повеќе информации за Herbalife деловната можност кликнете ТУКА
*ПР објава
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.