25 Ноември, 2024
0.0256

Успешно заврши настанот „Среќен тим, успешен бизнис: Моќта на здрава работна средина“, организиран од М6 Едукативен центар

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Овој дводневен настан вклучи над 35 врвни експерти од земјата и од странство, кои споделија најдобри практики и стратегии за подобрување на среќата и благосостојбата на работното место и постави темел за позитивни промени во корпоративната култура во земјата.

Во рамки на настанот организиран од М6 Едукативниот центар, се одржаа 4 панел дискусии и 12 работилници, чија главна тема беше креирањето здрава работна средина, која вклучува отворена комуникација, политики за рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот, култура на почит и инклузивност, како и континуирано учење и развој. Дискусиите ги охрабрија учесниците да размислуваат не само за улогата на компаниите, туку и за личната одговорност на секој вработен во создавањето на таква работна средина.

Овој настан е дел од платформата Чекор Наред кој М6 го спроведува минатите години. Оваа година преку внесување на свежина кај македонските компании и вработени со темата за здрава работна средина. М6 се приклучи кон глобалната иницијатива за среќа на работното место и ја претставува Македонија во оваа иницијатива - „Интернационална недела за среќа на работно место“.

„Овој потег не само што ја нагласува нашата посветеност кон развојот на компаниите, туку и кон создавање општество во кое среќата, благосостојбата и продуктивноста се клучните двигатели на развојот и успехот. Креирање на организациона култура која промовира здрава работна средина и соработка води кон мотивиран тим, кој е основа за постигнување резултати, извор на иновации, соработка и трајна лојалност“, изјави г-ѓа Елена Младеновска Јеленковиќ, директор на М6 Едукативен центар.

Истражувањето кое М6 го спроведе, а чии резултати беа презентирани на настанот, покажа дека компаниите често се фокусираат на помалку битни сегменти, што создава јаз помеѓу реалноста и потребите на вработените. Како резултат, многу компании се соочуваат со предизвикот на одлив на работници, што доведува до уште поголеми проблеми за компаниите.

Покрај 4 панел дискусии кои обработуваа теми поврзани со растот на компаниите и индивидуите, учесниците можеа да учествуваат и практично да искусат различни методологии и пракси за личен раст и развој.

Настанот придонесе учесниците да ја зголемат свесноста и да добијат нови идеи и инспирација  да ги применат научените стратегии во своите компании, што ќе доведе до поголема продуктивност, зголемен ангажман и, конечно, создавање на задоволни и мотивирани тимови.

Настанот го поддржаа Винарија Тиквеш, Македонски Телеком, Комерцијална Банка АД Скопје, Би Милк, Импала, Виталиа, Ватердроп, Специјал, Кожувчанка, Пелинковац Антик и ТБМ Груп.

М6 Едукативен центар постои веќе 17 години и во својата мисија за позитивна трансформација на индивидуите, компаниите и општеството преку платформата ЧЕКОР НАПРЕД, редовно иницира и разработува теми и нуди решенија за важни прашања кои ги засегаат граѓаните и организациите во државата. 

ПР Објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Со 100.000 засадени дрвја, dm дрогерие маркт успешно ја круниса третата година од еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Со 100.000 засадени дрвја, dm дрогерие маркт успешно ја круниса третата година од еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

СРЕЌНИ ВЛТ ПРИКАЗНА: ИВИЦА ЖИВКОВСКИ Е МИЛИОНЕР СО ОСВОЕНИ 1.392.276 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ПРИКАЗНА: ИВИЦА ЖИВКОВСКИ Е МИЛИОНЕР СО ОСВОЕНИ 1.392.276 ДЕНАРИ

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%