Добивај вести на Viber
Во дивината надвор од Мадрид најголемиот моден гигант во светот ги поставува основите кои ќе го поддржат растот во текот на следната деценија, пишува Wall Street Journal.
Токму таму Inditex - сопственикот на брендот Zara - вложува 150 милиони евра (209 милиони долари) за изградба на нов логистички центар, кој ќе може да разнесува околу половина милион облека на ден до продавниците на компанијата во 87 земји, на пет континенти. Составен од четири сиви магацини, логистичкиот центар ќе започне да работи за неколку месеци, со што бројот на центрите на Inditex во Шпанија ќе се искачи на 10.
Повисоки трошоци за дистрибуција, нови продавници и преуредување на постарите продавници на Zara го повлекоа надолу профитот на Inditex во четвртиот квартал од минатата година, изјави на прес-конференција претседателот и извршен директор на компанијата Пабло Исла.
Во овој период нето добивка паѓа до 703 милиони евра од реализираните 708 милиони година порано. Приходите од продажба се зголемија за 4,7% на 4,8 милијарди евра. Профитните маржи и продажбата надвор од еврозоната, исто така се влошиле заради поскапувањето на еврото наспрема другите валути.
За целата 2013 година Inditex предвиде нето добивка во износ од 2,38 милијарди евра во споредба со позитивниот финансиски резултат од 2,36 милијарди евра една година порано. Годишната продажба се зголеми за 4,9% на 16,72 милијарди долари.
Продажбата во Шпанија скока со 3% во втората половина на минатата година. Од модниот гигант открија дека планираат зголемување на дивидендата за 2013 година со 10% до 2,42 евра за акција - повеќе од очекуваното од аналитичарите.
Inditex ќе вложи 500 милиони евра во подобрување на логистиката. Инвестицијата би требало да им овозможи на концернот да отвора повеќе од една продавница на ден во просек со текот на годините. На 31 јануари 2014 година компанијата на Амансио Ортега има 6 340 продавници во целиот свет, што е повеќе во споредба со 6 009 продавници година порано и два пати повеќе од нивниот број во 2007 година Компанијата планира да отвори уште околу 500 нови продавници во текот на оваа година и да затвори околу 100 помали.
Компанијата инвестира повеќе во поголеми продавници. Оваа година таа планира да отвори нови продавници во Лос Анџелес, Мајами и Хонгконг и една во финансискиот кварт на Њујорк, откри Исла.
Но тоа не е сè - Inditex го проширува своето онлајн присуство. Во 2015 година, онлајн продавници ќе има во 27 земји, плановите се такви да има и во Јужна Кореја и Мексико.
Во последните шест недели продажбата на Inditex се зголеми за 12%. Тоа ги смири инвеститорите, кои во претходните месеци се обложуваа дека акциите на Inditex ќе станат поевтини поради стравувањата за забавување на експанзијата на компанијата.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: