05 Декември, 2025
0.0280

Како Србија губи милиони на Коридорот 10

Објавено во: Балкан 11 Март, 2013 10:55

Добивај вести на Viber

Србија губи над стотина милиони евра, бидејки Коридорот 10 не е завршен. Дефицитот во државната каса би можел да биде и уште поголем со завршувањето на работата на Коридорот 4, кој потполно ја заобиколува Србија. Иако се свесни дека не може да се заврши со изградбата на коридорот пред 2014 година, надлежните се обидуваат на сите начини да го задржат моменталниот обем на сообраќај. Начинот за да се потигне тоа, меѓудругото е и со забрзување на процедурата, а со самото тоа и на протокот на сообраќај. На пример, на еден од паркинзите покрај автопатот се паркираат голем број камиони, кои се наоѓаат на безбеден паркинг. Тука се паркираат затоа што товарот е безбеден, за разлика од Бугарија или Романија, каде што тоа не е случај. За сега српските патишта и понатаму се нивниот прв избор. Проценката е дека во државната каса само од патарина годишно се слеваат 150 милиони евра. Со завршувањето на работата би имале поголем број камиони, но и повеќе пари, барем двојно повеќе. Трката почнува уште на граничните премини – и царината, и полицијата и фитосанитарната инспекција се обидуваат да завршат што поголем дел од нивната работа за да не се случи товарот од овошје да остане три дена на граничен премин. Во Белград се следи сè и се реагира при појава на голем застој.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии