24 Ноември, 2024
0.0896

КАКО „ТЕТЕКС“ ЈА ИЗГРАДИ СВОЈАТА УСПЕШНА ДЕЛОВНА ПРИКАЗНА – тетовската гордост слави 70 години јубилеј

Објавено во: Економија 25 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Акционерите и вработените на една од најуспешните македонски компании, тетовската гордост, „Тетекс“, денеска имаат навистина голема причина за славење. Комбинатот го одбележува 70 годишниот јубилеј, успевајќи во сите изминати години да им одолее на бројните предизвици и да стопанисува со огромна посветеност и успех, без оглед на политичките и економските системи кои владееја низ минатото.

Беспрекорен квалитет на производите, задоволни купувачи и коминтетнити, среќни вработени, но и акционери кои својата иднина ја гледаат во „Тетекс“, тоа е накусо имиџот кој компанијата успеа да го изгради за целиот изминат 70 годишен период на постоење и работење.

Постарите генерации со восхит раскажуваат каква национална гордост беше работењето на „Тетекс“, почнувајќи на полето на текстилот уште во далечната 1951 година.

Постојат бројни сведоштва кои говорат како „Тетекс“ успеа за кратко да прерасне во најголем текстилен комбинат во регионот и пошироко. Претпријатието располагаше со сопствени фабрики за предива, ткаенини и ќебиња, но и трикотажни и конфекциски производи, за чиј квалитет ќе ви говорат сите кои имале прилика да ги испробаат, и помладите, и постарите. И се разбира, ова беше препознаено насекаде, па комбинатот освои бројни признанија и награди за своето работење.

МУДРИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ

Но, „Тетекс“ и неговиот менаџерски тим предводен од долгогодишниот генерален директор Глигорие Гоговски, низ годините покажаа дека знаат да носат мудри деловни одлуки. Бизнис и пазарните околности не секогаш беа наклонети кон текстилната дејност во земјава. Ниту „Тетекс“ не можеше да остане имун на силната конкуренција која на светскиот пазар ја создадоа евтините текстилни производи од Блискиот и Далечниот Исток - Кина, Индија, Индонезија, Виетнам... Во такви околности, мораше практично да се делува и да се донесат економски оправдани деловни потези.

Па така, и „Тетекс“ мораше да се прилагоди на новата состојба, постепено намалувајќи го своето учество во текстилната бранша и ориентирајќи се кон попрофитабилни дејности.

Практично, компанијата одлучи да го зголеми своето учество во инвестицискиот и финансискиот сегмент, користејќи го својот голем потенцијал.

НАЈГОЛЕМ АКЦИОНЕР ВО ТТК БАНКА

Она што треба да се истакне е дека „Тетекс“ е најголем акционер во ТТК Банка. Оваа банка многумина ја нарекуваат „мал банкарски бисер“, бидејќи низ годините покажа дека е стабилен, профитабилен и сигурен банкарски играч, кој со своето успешно работење има значајно учество во банкарскиот сектор.

Практично, огромниот потенцијал што „Тетекс“ го има во сопственоста на имотот, но и нејзините вложувања во кадарот, и даваат можност на компанијата својата иднина да ја насочи кон современите текови на пазарот.

Во изминативе три децении, „Тетекс“ може да се пофали со одлични деловни резултати и задоволни деловни соработници, со огромна доверба во овој бренд кој со години ја градеше својата успешна деловна приказна.

„Тетекс“ е акционерско друштво со повеќе од 1.200 акционери, кое котира на Македонската берза на хартии од вредност. Токму и низ тоа се покажува успешноста на едно современо акционерско друштво, кога, од постигнатите резултати, задоволно ќе биде не само раководството, туку и сите акционери, преку солидната дивиденда што ја исплаќа компанијата. Со еден збор, „Тетекс“ покажа дека е компанија која знае да води грижа за своите акционери, што е само уште еден факт кој го потврдува успешното работење.Всушност, „Тетекс“ е една од омилените акции на инвеститорите кои се ориентирани и вложуваат во дивидендни акции. За последните три години, односно 2018,2019 и 2020 година,друштвото исплати вкупно бруто дивиденда од 400 денари за акција.

ВИЗИЈАТА И ПОСВЕТЕНОСТА НА ГОГОВСКИ КЛУЧНИ

Речиси секому му е познато дека клучниот менаџерски бренд кој буквално го градеше „Тетекс“ низ годините и го издигна на нивото на кое што е во денешниот миг, е долгогодишнот прв човек на компанијата, Глигорие Гоговски. 

Визијата, менаџерскиот капацитет, посветеноста, професионалноста, одговорноста и носењето на вистинските деловни одлуки на менаџерскиот тим предводен од генералниот директор Гоговски, се само дел од придобивките кои беа од суштинско значење за успешна работа и опстојување на „Тетекс“. Не беше секогаш лесно да се работи во земјава и да се изберат правилните чекори, имаше и времиња на големи политички турбуленции и неизвесности, но и економски кризи, кои и тоа како го отежнуваа стопанисувањето, дополнително со проблемите со кои вообичаено се соочува текстилниот сектор. Сепак, „Тетекс“ предводен од Гоговски, успеа до денес да чекори по патот на успехот, со надеж дека идните генерации ќе имаат во него пример од кој ќе учат, и надградувајќи го ќе продолжат по истата патека уште долги години во иднина.

БРОЈКИТЕ ГОВОРАТ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ

А, за тоа, колку „Тетекс“ е успешна компанија, можеби е добро да се наведат некои основни податоци за пазарната капитализација, добивките, износот на дивидендите...

Имено, „Тетекс“ е акционерско друштво со пазарна капитализација поголема од 13 милиони евра во овој момент.

Минатата година компанијата остварила добивка од 1,3 милиони евра, иако беше година на пандемија, во која беше значајно намалена економската активност и отежнато работењето на фирмите.

„Тетекс“ се покажа и како одличен инвеститор. Компанијата има одлични или пристојни приходи од своите вложувања и тоа и овозможува да дели дивиденди на свооите акционери. За првите три месеци од годинава друштвото има приход од 280.000 евра, а нето добивката изнесува 132.000 евра. А ќе биде уште подобро кога ќе дојде дивидендата од акциите во ТТК Банка , од каде „Тетекс“ ќе добие над 550.000 евра бруто дивиденда. Ова го вбројува „Тетекс“ во редот на најуспешните компании во конкуренција на сите друштва чии акции котираат на Македонската берза за хартии од вредност. Параметарот учество на профитот во добивката кај „Тетекс“ досега е неприкосновен, во конкуренција на сите друштва што објавија финансиски резултати за првите три месеци од годинава.

„Тетекс“ во изминативе 70 години покоажа дека е бизнис бренд кој знае како, секогаш освојувајќи нов простор и влегувајќи во нови предизвци. Бренд кој ветува перспектива за идните генерации.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА