КАКО УЈП СОБРА 217 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ? Се праќале персонализирани пораки до големите должници

Објавено во: Економија 11 Август, 2024 16:56
Управата за јавни приходи постави рекорд со наплата на 217 милиони евра од даноци во месец јули.
Директорката Елена Петрова вели дека наплатата на годишно ниво е зголемена за 42 отсто, затоа што била поефикасна наметнатата дисциплина на плаќање во однос на претходниот период кога „се замижувало“ пред должниците.
- УЈП треба постојано да ги потсетува и опоменува должниците и тоа го правевме претходниот месец. Испраќавме пораки преку медиумите и имавме состаноци на национално и локално ниво со сметководители и стопански комори. Но испраќавме и персонализирани пораки до таргетирани групи на даночни обврзници при што пораките содржеа конкретна содржина за самиот даночен обврзник, вели Петрова во изјава во вестите на „Сител“.
Директорката на УЈП најави анализи кои ќе овозможат во следниот период да се прошири даночната база со дејности кои досега прикривале приходи.
И Царинската управа направи рекорд со 195 милиони евра наплатени во јули, а директорот Бобан Николовски вели дека се обратиле до „сите субјекти кои од најразлични причини имале долгувања кон Царината“.
- Втора работа е тоа што се обративме до сите комитенти да си ги платат долговите што ги имаат за закуп на објектите во сопственост на Царинската управа, рече Николовски.
Можеби ќе ве интересира
РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Ова се 5-те најдобри курсеви по кои можете брзо да се вработите и добро да заработите

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти
