14 Април, 2025
0.0577

Како УНИ Банка одржа лекција по успешност?

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

УНИ Банка има најголеми растови на сите позиции кои генерираат приходи, а просто се неверојатни релативните растови (изразени во проценти н.з.) на нето приходите од камати и од провизии и надоместоци. Затоа и добивката е за 29% поголема во споредба со истиот период лани што ја прави најуспешна банка од аспект на релативни растови на приходите во конкуренцијата на средни и големи банки

УНИ Банка ја работи својата, по многумина, најдобра година на македонскиот пазар. Фантастични се и за сите акционери охрабрувачки, нејзините резултати во првите девет месеци годинава.

Точно е дека не се најголеми нето приходите од главните приходни ставки (во апсолутни вредности), но нејзините растови изразени во проценти се недостижни дури и за најголемите деловни банки на македонскиот пазар.

УНИ Банка за девет месеци има нето приходи од камати вредни 11,5 милиони евра. Тие се за зголемени за 16 отсто односно за 1,57 милиони евра во споредба со првите девет месеци лани.

Процентуално изразено уште позначаен раст и продор на пазарот банката направила кај втората најголема приходна ставка – приходите од надоместоци и провизии. Тие изнесуваат 3,8 милиони вера и се за 41 отсто односно 1,1 милиони евра повисоки од истиот период лани.

Од курсни разлики банката остварила пола милион евра што е за 20 отсто подобар резултат од лани, а од останатите приходи од дејноста остварила 1,77 милиони евра. Тоа е за пола милион евра повеќе од лани или за 42 отсто подобро.

Истовремено, очекувано, пораснале и трошоците на банката за резервации на пласмани и тие на крај на септември достигнале 5,55 милиони евра или 2,1 милион евра повеќе од истиот период лани.

Добивката на банката за овие девет месеци изнесува 4 милиони евра што е за 29 отсто односно 900.000 евра повеќе од истиот период лани. Ваков раст на добивка нема ниту една банка (од тие што објавуваат резултати на берза н.з.).

На страната на билансот на состојба евидентно е дека банката го зголемила кредитирањето за 15 милиони евра до износ о 296 милиони евра, а истовремено за пола милион евра ги зголемила и пласманите во хартии од вредност (читај обврзници н.з.) кои достигнале 18 милиони евра.

Депозитите се на ниво од 309 милиони ева и се за 8 милиони евра пониски во споредба со крајот на 2021 година. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКАВИ СЕ МИНИМАЛНИТЕ ПЛАТИ ВО ЕУ? Огромна разлика меѓу земјите, еве една во која сигурно не би зажалиле да работите

КОЛКАВИ СЕ МИНИМАЛНИТЕ ПЛАТИ ВО ЕУ? Огромна разлика меѓу земјите, еве една во која сигурно не би зажалиле да работите

АНАЛИТИЧАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Царините се закануваат со драстичен пад на продажбата на автомобили и пораст на цените

АНАЛИТИЧАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Царините се закануваат со драстичен пад на продажбата на автомобили и пораст на цените

ВАШИНГТОН ГО ТРЕСЕ СКАНДАЛ: Вистинскиот „Волк од Волстрит“ сесрдно го поддржа Трамп - „тој не манипулираше со пазарот“

ВАШИНГТОН ГО ТРЕСЕ СКАНДАЛ: Вистинскиот „Волк од Волстрит“ сесрдно го поддржа Трамп - „тој не манипулираше со пазарот“

СЕ ПОВЕЌЕ СЕ КУПУВААТ СТАНОВИ ВО ДУБАИ: Еве зошто Србите повеќе купуваат таму отколку дома

СЕ ПОВЕЌЕ СЕ КУПУВААТ СТАНОВИ ВО ДУБАИ: Еве зошто Србите повеќе купуваат таму отколку дома

ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ ТУКА РАБОТАТ НА ЦРНО! Работа има, но нивните права се разнишани

ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ ТУКА РАБОТАТ НА ЦРНО! Работа има, но нивните права се разнишани

НОВИ ПРАВИЛА ЗА СИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО АВИОН? Позната авиокомпанија одлучи да го укине чекирањето, еве што ќе го замени

НОВИ ПРАВИЛА ЗА СИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО АВИОН? Позната авиокомпанија одлучи да го укине чекирањето, еве што ќе го замени

БОИ ЗА ЈАЈЦА, ЈАЈЦА, МЕСО...АХВ уништи 1,230 килограми производи пред Велигден

БОИ ЗА ЈАЈЦА, ЈАЈЦА, МЕСО...АХВ уништи 1,230 килограми производи пред Велигден

„СОКРИЈТЕ СЕ, СРАМОТА Е, ПА СААТНИЦА ВО ГЕРМАНИЈА Е 14 ЕВРА“: Глигорова направи пресметка на трошоците, надминуваат 60 илјади денари

„СОКРИЈТЕ СЕ, СРАМОТА Е, ПА СААТНИЦА ВО ГЕРМАНИЈА Е 14 ЕВРА“: Глигорова направи пресметка на трошоците, надминуваат 60 илјади денари

ИАКО ИМАШЕ МАНДАТ ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ДИРЕКТОРОТ СИ ЗАМИНУВА ПО ДВЕ - зошто поднесе оставка Марио Милер од „Краш“

ИАКО ИМАШЕ МАНДАТ ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ДИРЕКТОРОТ СИ ЗАМИНУВА ПО ДВЕ - зошто поднесе оставка Марио Милер од „Краш“