Како УНИ Банка одржа лекција по успешност?

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2022 07:30
УНИ Банка има најголеми растови на сите позиции кои генерираат приходи, а просто се неверојатни релативните растови (изразени во проценти н.з.) на нето приходите од камати и од провизии и надоместоци. Затоа и добивката е за 29% поголема во споредба со истиот период лани што ја прави најуспешна банка од аспект на релативни растови на приходите во конкуренцијата на средни и големи банки
УНИ Банка ја работи својата, по многумина, најдобра година на македонскиот пазар. Фантастични се и за сите акционери охрабрувачки, нејзините резултати во првите девет месеци годинава.
Точно е дека не се најголеми нето приходите од главните приходни ставки (во апсолутни вредности), но нејзините растови изразени во проценти се недостижни дури и за најголемите деловни банки на македонскиот пазар.
УНИ Банка за девет месеци има нето приходи од камати вредни 11,5 милиони евра. Тие се за зголемени за 16 отсто односно за 1,57 милиони евра во споредба со првите девет месеци лани.
Процентуално изразено уште позначаен раст и продор на пазарот банката направила кај втората најголема приходна ставка – приходите од надоместоци и провизии. Тие изнесуваат 3,8 милиони вера и се за 41 отсто односно 1,1 милиони евра повисоки од истиот период лани.
Од курсни разлики банката остварила пола милион евра што е за 20 отсто подобар резултат од лани, а од останатите приходи од дејноста остварила 1,77 милиони евра. Тоа е за пола милион евра повеќе од лани или за 42 отсто подобро.
Истовремено, очекувано, пораснале и трошоците на банката за резервации на пласмани и тие на крај на септември достигнале 5,55 милиони евра или 2,1 милион евра повеќе од истиот период лани.
Добивката на банката за овие девет месеци изнесува 4 милиони евра што е за 29 отсто односно 900.000 евра повеќе од истиот период лани. Ваков раст на добивка нема ниту една банка (од тие што објавуваат резултати на берза н.з.).
На страната на билансот на состојба евидентно е дека банката го зголемила кредитирањето за 15 милиони евра до износ о 296 милиони евра, а истовремено за пола милион евра ги зголемила и пласманите во хартии од вредност (читај обврзници н.з.) кои достигнале 18 милиони евра.
Депозитите се на ниво од 309 милиони ева и се за 8 милиони евра пониски во споредба со крајот на 2021 година.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
ТРИ ЛИЦА ЈА „БРКААТ“ РАБОТАТА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ – имаат солидни плати, но и вишоци во касата

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ СО ДРАСТИЧНИ МЕРКИ ПОРАДИ ТАРИФИТЕ НА ТРАМП: Стелантис им нуди попусти на американските клиенти

НАД 50 ЗЕМЈИ БАРААТ ПРЕГОВОРИ СО САД - американската администрација тврди „нема удар за потрошувачите“

„ЌЕ ИМАМЕ ЗНАЧИТЕЛЕН ТАРИФЕН ПРИХОД НА ПОЧЕТОКОТ“ - еве го објаснувањето на американскиот министер за финансии Бесент (ВИДЕО)

ПО НАПИСИТЕ ЗА РАСИПНА ХРАНА СЕ ОГЛАСИЈА ОД КАУФЛАНД - најавуваат темелно чистење и надворешни контролори за квалитет

ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ЗА ЦАРИНИТЕ НА САД: Ќе формираме „коалиција од земји истомисленици“

ПОСКАПЕЛА ХРАНАТА И ПИЈАЛАЦИТЕ: Се зголемиле цените на угостителските услуги

ПОРАКА ДО МАСК И ТРАМП: Нивните противници се спремни за масовни протести
