28 Септември, 2024
0.0254

Како успешно да развиваме дигитален медиум

Објавено во: Анализа 23 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Извршниот директор NYC Media Lab - Џастин Хендрикс - објави серија на возбудливи интервјуа со технолошките шефови на главните дигитални издавачки групи во САД, пишува qz.com. Последно, Хендрикс разговара со Марк Уилки од Buzzfeed, кој е еден од луѓето кои се соочува со проблемите на една постојано растечка индустрија со жестоката конкуренција, каде што сè се случува онлајн. Qz.com извади три основни менаџерски насоки од интервјуата на Хендрикс, кои може да се корисни за секој кој ќе одлучи да се занимава со управување на човечки ресурси: Бидете чувствителни на глупостите Во денешно време технолошките директори треба да се внимателни со управувањето на ресурсите со кои располагаат. Има премногу партнери кои би направиле се за да го изгубат времето на вашиот тим на програмери со тестирање на нивните производи, само за да разберат дека последните не одговараат на претходно поставените цели. Не само што можете да си го изгубите времето, но и можете да земете погрешно решение кое може да наштети на вашата работа. Исклучително важно е она што луѓето ви зборуваат, особено кога избирате нов партнер или технологија. Вонредната работа не е доволна Кога анализирате компанија како Hearts, разбирате дека работата до доцна во ноќта на луѓе и сервери не е доволна. Многу поважно е да се работи на имплементирање на нови технологии кои го забрзуваат развојот на нови производи и им овозможува на вработените да напредуваат побрзо. Медиумите треба да се извор на инспирација за технологијата, а не да се забавува нивниот развој. Научете ги луѓето да размислуваат надвор удобната зона Мајкл Јанг вели дека е импресиониран од појавата на се повеќе луѓе кои се учат да програмираат. Тој има намера да создаде наставна програма, преку која ќе мотивира повеќе жени да влезат во сферата на компјутерските науки. За да ги истражува можностите на новата идеја, Јанг почнал да работи со вработените на Digg. Редакциската екипа на Digg беше мојот тим од искусни глувци, вели тој. Организирав 6 неделен курс, за време на кој им раскажав за основите на програмирање. Наместо да започне со настава на базни на знаење, како HTML, CSS, Javascript или Python, Јанг го почнал курсот со Processing - компјутерски јазик за визуелизација на информации. Идејата на Јанг била да се претстави нешто визуелно и интерактивно што ќе ги заинтригира почетниците и и ќе им даде почетен почеток во програмирање. Следната голема цел на Јанг е програмата да прерасне во Betaworks - студиото кое управува Digg. Во моментов, компанијата има проблем со голем број на вработени кои не се разбираат од програмирање, а нивната секојдневна работа често се судира со термини и кратенки кои тие не ги разбираат. "Дури и луѓето да не научат да програмираат, длабочината на разбирање за тоа како интернетот работи, како се создадени сите овие услуги и функционалности, ќе му помогне на секој", вели Јанг. К.К.