Добивај вести на Viber
За три години се очекува да биде завршена новата зграда во која ќе биде сместена општинската администрација во Ѓорче Петров. Општината ќе се наоѓа во комплексот што ќе биде наменет и за трговски центар, но и за потребите на општината.
Со површина од 3.600 метри квадратни, 40 подземни и 22 партерни паркинг места, објектот ќе се гради по принципот јавно-приватно партнерство. Општинската зграда е втората зграда од комплексот позиционирана на аголот запад-исток, со посебен пристап за автомобили и пешаци. Се состои од приземје и четри ката.
На приземјето има влезен дел, влезен хол, информативен шалтер, сала за состаноци, канцелариски дел и аудиториумски дел. Аудиториумот е мулти- наменска сала за 80 луѓе која што ќе има надворешен пристап. На другите четири ката ќе бидат сместени сите служби на општината.
Со останатите, 11.400 м2, ќе располага изведувачот „Трансмет" од Скопје, кој најави дека ќе ги намени за трговски центар.