14 Мај, 2024
0.0285

Каква беше 2013 за американските пазари?

Објавено во: Свет 01 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Старата 2013-та година заврши. Таа беше исклучително плодна за американските инвеститори во акции. Последните се вратија кон акциите по пет години на раст , и го направија тоа во вистинскиот момент . Кон фондовите кои инвестираат во акции на американските пазари , се насочија 162 милијарди долари минатата година , што е најмногу од 2000-та година наваму . Во исто време, широкиот индекс Standard & Poor's 500 се зголеми за 29% , регистрирајќи најголема премија во однос на претставувањето на обврзниците од 1978 година наваму - во износ од 32 процентни поени. Општо земено, компаниите од S & P 500 ја зголемија пазарната капитализација со 3,7 трилиони долари за последните 12 месеци . Дури и некои од најпознатите како мечка настроените инвеститори , како Марк Фабер , изразија позитивни ставови за американските индекси " Акциите не се мртви " , коментира Џозеф Куинлан , главен стратег во Bank of America Corp . "Генерално ја бевме загубиле претставата дека инвестициите во акции носат најдобра профитабилност на долг рок ", додава стратегот пред Bloomberg . Сите професионалци зборуваа за изгубената деценија за инвеститорите или фактот дека во периодот меѓу 2000 и 2009 година просечниот поврат од инвестиции во акции со известување на дивидендата била околу 1 % годишно. Со додавање на последните четири години сепак овој поврат се зголемува до околу 3,5 % и се повеќе се приближува до просекот од 6 % за периодот од 1900 година наваму . Индексот S & P 500 донесол просечен годишен поврат од 26% од март 2009 година. " Многу луѓе не го препознаа трендот " , смета Мајкл Штраус, главен стратег во Commonfund Group . " Фактот дека во моментов има толку многу како мечка настроени инвеститори , може да значи дека има уште простор пред растот ", додава Штраус пред Bloomberg . Државните обврзници регистрираа пад во цените од 3,4 % минатата година и се насочија кон првото годишно намалување од 2009 година. Се разбира , специјалистите прогнозираат зголемување на нестабилноста оваа година со оглед на очекуваните понатамошни рестрикции од страна на ФЕД во однос на стимулите за американската економија . Вознемирувачки фактор е и забавувањето на темпото на раст на профитот на државните компании до околу 3,8% на квартална основа , во споредба со 20% пред три години. Тоа придонело за зголемување на соодносот цена - добивка со околу 20 % до 17,4 , што е четиригодишен максимум. Растот на поширокиот американски индекс беше поведен од однесувањата на Netflix Inc . , шии што акции се зголемија за 297% оваа година . Индивидуалните инвеститори почнаа сосема скоро да купуваат акции , откако индексот S & P 500 се зголеми со 172 % до нови рекордни вредности . Растот на американската економија се очекува да изнесува 2,6 % оваа година , во споредба со 1,7 % во минатата . Нивото на невработеност се намали до петгодишен минимум кај 7 % во ноември.

Можеби ќе ве интересира

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!