Каква е иднината на фиксните работни места?
Објавено во: Анализа 07 Април, 2014 19:57
Повеќето од анкетираните станари велат дека во моментов нудат фиксни работни места на своите вработени. Мобилни и флексибилни работни места во рамките на канцелариските простории во други канцеларии на фирмите или во форма на работа од дома се главен модел за малку под 30 проценти од компаниите .
Нешто повеќе од една третина од испитаниците изјавиле дека фиксните работни места ќе доминираат во нивната компанија во блиска иднина . Минатата година, сепак таквов одговор дале речиси половина од анкетираните . Падот на ова мнение го нагласува трендот кон поголема флексибилност на работното место.
Истовремено 38 отсто од учесниците во анкетата се категорични дека во иднина ќе нудат флексибилни модели на работното место.
"Иднината на работното место е флексибилноста. Овој нов вид во светот на канцелариите ќе стане норма со брзина која ќе варира во зависност од индустријата и корпоративната култура на учесниците на пазарот ", коментира Грегор Дрекслер, управен директор на CA Immo.
Над една третина пак од анкетираните изјавиле дека очекуваат зголемување на бројот на вработените, а речиси исто толку - дека бројот на вработените ќе остане непроменет. Само 2% од испитаниците имаат намера да го намалат персоналот во следните месеци.
Истовремено не се очекуваат големи промени во рамките на канцелариските структури.
K.K.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





