06 Декември, 2024
0.0373

КАКВА ЕКИПА ЌЕ ГО ВОДИ ГТЦ? Има сметководител, државен инспектор, менаџер на скопски хотел, државни и општински чиновници и раководител во ЦУК...

Објавено во: Економија 05 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Скопската државна компанија ќе добие нов состав на Управниот одбор. Составот е разнолик и на прво гледање тешко се наоѓа НЗС меѓу неговите нови членови кои сега се предлози за кои ќе гласа доминантниот акционер државното АД за деловен простор.

Според достапните податоци предлозите за нови членови на Одборот на директори се следниве:

Александар Тасев од Валандово, сметководител од Валандово, вработен во компанија „Валетас“. Тасев дипломирал и магистрирал на Правниот факултет на државниот УКИМ.

Негов колега во управата на ГТЦ ќе биде Јован Лукаров од Радовиш. Дипломиран економист завршил на државниот економски факултет во Прилеп. Има десет годишно работно искуство во Управата за имотно-правни работи на Министерството за финансии, а од септември годинава се вработил во државното АД за стопанисување со деловен простор. Во биографијата навел и дека од 2017 до 2021 година бил член на Советот на Општина Радовиш.

Катица Грче од Скопје е инженер – технолог која 13 години е државен инспектор за храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Никола Соколовски од Скопје по вокација е магистар на економски науки произведен на светиниколскиот Меѓународен славјански универзитет. Во последниве две години е оперативен директор на скопскиот „Интернешнл хотелс“ (поранешен „Континентал“ н.з.), а во претходните години ги поминал сите скалила во кариерно напредување во тој скопски хотел во кој почнал да работи во 2010 година.

Неговиот сограѓанин Васе Ангеловски доаѓа во управниот одбор на ГТЦ од Општина Кисела Вода. Во неговото скудно и јавно достапно Си-Ви (C.V.) не е наведено на која позиција работел во таа општина. Не навел на кој факултет дипломирал, но навел дека дипломирал од областа на безбедноста, мирот и одбраната.

И неговата колешка од Општина Кисела Вода Виолета Блажевска доби фотелја во управниот одбор на ГТЦ. Во нејзиното Си-Ви пишува дека од 2013 година до сега работи како помлад соработник од Одделението за планирање на просторот и е-кат услуги.

Од биографијата на Блажевска е видно дека има два факултети. Едниот е родови студии на државниот УКИМ во Скопје, е другиот е менаџмент по човечки ресурси на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

„Најисцрпна“ биографија дал кандидатот за член на управниот одбор Белули Јетула Ферик. Тој е професор по одделенска настава дипломиран на педагошкиот факултет при УКИМ. Вработен е во Центарот за управување со кризи (ЦУК) каде работи како раководител на Секторот за поддршка на директор и заменик директор.

Сите јавно достапни детали за новите директори на ГТЦ се достапни на следниот линк https://seinet.com.mk/document/70417

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

СИНДИКАТОТ БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Дали минималецот ќе се зголеми на 450 евра?

СИНДИКАТОТ БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Дали минималецот ќе се зголеми на 450 евра?

Ќе ја интензивира ли Јавното обвинителство предистражната постапка за предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони отштета на човек фирма?

Ќе ја интензивира ли Јавното обвинителство предистражната постапка за предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони отштета на човек фирма?

ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, ДЕПОЗИТИ, МОНЕТАРНО ЗЛАТО: Koлку изнесувале девизните резерви во ноември?

ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, ДЕПОЗИТИ, МОНЕТАРНО ЗЛАТО: Koлку изнесувале девизните резерви во ноември?

Најновите избраници на Трамп се благодет за неговите најбогати крипто-поддржувачи

Најновите избраници на Трамп се благодет за неговите најбогати крипто-поддржувачи

Македонскиот извоз и натаму во пад

Македонскиот извоз и натаму во пад

ЗНАМЕТО „ЕКСПО“ ВО РАЦЕТЕ НА СРБИЈА: Свеченост во Сава центарот

ЗНАМЕТО „ЕКСПО“ ВО РАЦЕТЕ НА СРБИЈА: Свеченост во Сава центарот

СЕ ЗАТВАРА ФАБРИКА НА ПОЗНАТ БРЕНД ВО БЛИЗИНА НА САЛЦБУРГ - Моцарт бомбоните повеќе не се произведуваат во Австрија

СЕ ЗАТВАРА ФАБРИКА НА ПОЗНАТ БРЕНД ВО БЛИЗИНА НА САЛЦБУРГ - Моцарт бомбоните повеќе не се произведуваат во Австрија

УНИШТЕНИ СЕ НАД 66 ЛИТРИ ЈОГУРТ: Еве какви неправилности фатила АХВ во продавниците

УНИШТЕНИ СЕ НАД 66 ЛИТРИ ЈОГУРТ: Еве какви неправилности фатила АХВ во продавниците