Каква ќе биде иднината на проектот „Скопје 2014“ после изборите?
Објавено во: Македонија 19 Април, 2014 09:54
Проектот „Скопје 2014“ е исклучително штетен не само за градот Скопје, туку и за цела Република Македонија. Особено е важно да се сфати широчината и длабочината на неговите последици, зашто тој не ја оштетува само нашата физичка стварност, туку ги суспендира уставноста и правната држава, ги урива вредносните системи во културата, ја кривоколчи националната историја и ги поместува темелните камења на нашиот национален идентитет, стои во програмата.
СДСМ најавува дека ќе се формира посебна собраниска комисија, на која ќе ѝ помага експертски состав со висок стручно-научен кредибилитет, којашто ќе ја утврди уставноста, законитоста, ќе го преиспита менаџирањето и финансирањето на проектот и сите штетни последици од него.
Во изборната програма, СДСМ наведува дека ќе изврши реформа на Министерството за култура и другите институции на културата. Од партијата потенцираат дека улогата на министерството во културниот систем ќе биде ревидирана и вратена во нормала.
Тоа нема да биде главен конзумент на народните пари, туку неутрален дистрибутер и надгледувач, при што главните носители на културниот живот ќе бидат институциите и организациите од културата, уметниците и сите луѓе со креативна визија, пишува во програмата.
Реформи се најавуваат и во системот на финансирање на културата. СДСМ во програмата наведува дека ќе го преиспитаат актуелниот модел на финансирање на националните институции и на проектите од национален интерес и ќе воведат нов систем на финансирање на институциите за кој ќе спроведат широка дебата во културната заедница за две можни решенија за реформи: (1) посебни фондови, слични на Филмскиот фонд, или (2) засилени комисии со појасен и подолгорочен мандат и автономија.
Во делот на мерките за развој на културата од СДСМ најавуваат дека ќе спроведат санација на најзагрозените артефакти на културното наследство, ќе направат листа на загрозени локалитети и ќе формираат посебен фонд за санација и конзервација.
СДСМ во изборната програма наведува дека ќе инвестираат во стручен кадар, професионализам и придржување до основните принципи за организирање на музејската дејност. Една од мерките која ја најавува СДСМ во програмата е финансирање на афирмацијата на македонскиот јазик.
- Ќе посветиме особено внимание на унапредувањето на позицијата на македонскиот јазик во домашните научни инстиитуции што се занимаваат со неговото проучување, но и со одржувањето, но пред сè отворањето лекторати на странските универзитети во другите земји, пишува во програмата.
Дел од мерките на СДСМ за развој на културата се заштитата на јазиците на другите заедници, унапредување на соработката и поддршката за граѓанскиот и за независниот сектор, воведување на буџетска ставка за програмска и за континуирана структурна поддршка,реформирање на системот на националните институции,децентрализација на културните политики и развој.
Кои се проектите на ВМРО ДПМНЕ ?
ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период вложуваше во развојот на уметничкото творештво и заштитата на културното наследство, како и во промоцијата на автентичното културно богатство на Република Македонија во државава и во светот. Во насока на поттикнување на домашното творештво, во иднина продолжуваме со низа стимулативни мерки со кои ќе се унапреди статусот на авторот, а истовремено ќе се зголеми и продукцијата на квалитетни дела преку поддршката на проекти од национален интерес во сите дејности од областа на културата. Наша цел и понатаму ќе бидат кадровската екипираност и подобрувањето на инфраструктурните услови за остварување на културата низ државата,пишува во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО ДПМНЕ во делот посветен на културата наведува дека министерството за култура ќе продолжи со реализацијата на значајни капитални проекти и инвестиции од областа на културата, обезбедување соодветни услови за работа на уметниците и соодветно презентирање на нивното уметничко творештво.
Во програмата партијата најавува изградба на културно образовен центар во Тетово со театар и библиотека, нов театар во Велес, изградба на нов театар на местото на МНТ, а нов објект се најавува и за Драмскиот театар. Предвидена е и изградбата на дел од објектите од проектот “Скопје 2014”, како изградба на концертната сала за Македонската филхармонија и продолжување на изградбата на Археолошкиот музеј.
- Продолжуваме со изградбата на концертната сала за Македонската филхармонија во делот на ентериерното уредување, покривната конструкција и фасадата. Со изградбата на концертната сала, македонските уметници конечно ќе добијат акустичен простор според сите светски. Во завршна фаза е ентериерното уредување на Археолошкиот музеј, кој ќе биде пуштен во употреба во текот на 2014 година. Во него ќе бидат претставени најзначајните археолошки предмети од различни периоди кои се дел од фондовите на институциите, но и многу предмети кои беа откриени при капиталните археолошки истражувања во изминатите шест години, стои во програмата.
Исто така се најавува изградба на Турски театар, реконструкција на Албанскиот театар, изградба на Универзалната сала, Музеј на прогонетите од егејскиот дел на Македонија, изградба на Филмско студио, набавка на опрема за дигитализација на Универзитетската библиотека “Свети Кирил и Методиј”, реконструкција на киносалата во Делчево.
Дел од проектите се однесуваат на обнова на повеќе фасади во Скопје, Кратово, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип.
Во делот на конзервацијата ВМРО ДПМНЕ најавува конзервација на неколку цркви во битолско,охридско, Старо Нагоричане, струшко , Ресен како и реконструкција и санација на манастирот Свети Јован Бигорски, обнова на опожарените конаци на манастирот Трескавец.
ВМРО ДПМНЕ во својата програма најавува проекти за санација на споменици, домови на култура, преводи и издавање на македонски јазик на светската поезија, мемоари, биографии, монографии, а дел од проктите се во насока на зголемување на културната понуда за лицата со посебни потреби. Од ВМРО ДПМНЕ наведуваат дека ќе продолжат со изградбата на Светиклиментовиот Универзитет, реконструкцијата на манастирскиот комплекс Свето Преображение во селото Зрзе, заштита конзервација и реставрација на античкиот театар во Скупи. Во Програмата се наведени проекти за одржување на меѓународен фестивал во Кокино, отворање на регионален центар за млади музичари во меморијалниот музеј “Тоше Проески”, создавање виртуелен театарски музеј во МНТ.
- Виртуелниот театарски музеј во Скопје има реални шанси да се афирмира како координативен центарза дигитализација и перманентна презентација на театарските артефакти од сите видови. Музејот на МНТ ќе придонесе за афирмација на новите професионални стандарди во областа на театрологијата, нов пристап кон театарската уметност, актуелизирање на статусот на театарот во современото општество, стимулација на новите форми на театарска едукација и, што е најважно, систематски ќе придонесе за промовирање на театарот како нематеријално културно наследство и како интерактивен „медиум на новото време“,пишува во програмата.
Дел од проектите се однесуваат на промена на законите, како што се Законот за заштита на културно наследство, Законот за библиотеки, Законот за музеи, Законот за издавачка дејност.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





