19 Декември, 2025
0.2891

КАКВИ БЕНЕФИЦИИ ИМАА ГРЦИТЕ: Нема веќе гага одмор, наплатата им тропна на врата!

Објавено во: Балкан 31 Јули, 2015 08:31

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Грција навистина имаа привилегии на кои и другите Европјани им завидуваа. Сепак дојде крајот на тоа уживање.  Стимулацијата на пензиите, бесплатен одмор, па се до неплаќање на даноци, како привилегија почнаа да се наплаќаат. Погледнете што имаа, а за што другите можеше само да мечтаат. grcija-odmor 1. Државата го финансира годишниот одмор Со досегашните реформи околу 2,6 милиони грчки пензионери од јавниот сектор сега имаат и до 30 проценти пониска пензија. Некаде тие се преполовени, што не е толку чудно бидејќи просечната грчка пензија во јавниот сектор изнесуваше 20 проценти повеќе од просечната грчка плата. И покрај тоа, многу пензионери и понатака имаат 13-та пензија во облик на божиќен или велигденски бонус. Но сите вработени и оние кои имаат најниска пензија, од државата добиваат платен шестдневен годишен одмор за кој државата издвојува 1.200 евра. Грците оваа привилегија ја нарекуваат „социјален туризам“. 2. Додаток за најниската пропишана пензија Најниската со закон пропишана пензија во Грција изнесува 490 евра за 35 години работен стаж. Меѓутоа, на пензионерите кои примаат најниска пензија им се исплаќа „солидарен додаток“, кој изнесува меѓу 20 и 230 евра. 3. Во пензија по 15 до 17 години стаж Грчките земјоделци можат да одат во предвремена пензија по 15 години работен стаж кога ќе наполнат 60 години. Жените во Грција можат да одат во предвремена пензија со 60 години, кои работеле 4.500 работни денови (17 години). Одбитоците за предвремена пензија во Грција се релативно ниски, во споредба со другите земји во ЕУ. 4. Работодавецот исплаќа бонус за пензија Освен придонесите за пензија, кои според законот мораат да го исплаќаат работодавците во Грција, тие им плаќаат на своите работници и пензиски бонуси во облик на фиксен паушал. Тој износ се пресметува без камата кога вработените одат во пензија, па по 35 години стаж работодавецот на работникот ќе му исплати по 100 евра за секој месец работа, а тоа е износ од 42.000 евра. grcija-bankomat (1) 5. За имотот кој не е регистриран во катастар не се плаќа данок Во Грција долго не постоел ниту еден облик на данок за недвижнини. Многу имоти на островите и во регинот на северна Грција воопшто не се впишани во катастарот. Со самото тоа не е можно да им се наплати данок на имот или на наследството. Дури во 2009 година владата започа да наплаќа комунален надоместок преку сметките за струја. Имено, на сметките за струја е впишана површината и староста на недвижнините. Единствениот данок на недвижнините е воведен лани, а според податоците на Владата на Ципрас повеќе од еден милион жители не платиле данок за недвижнини. 6. Плаќање даноци? Кои даноци! Корупцијата е широко распространета во Грција. Многу даночници ги затвораат очите кога станува збор за надзорот на финансиското работење. Многу клубови и ресторани својот приход воопшто не го пијавуваат или пријавуваат минимален износ за оданочување. Продавниците и другите објекти не мораат дополнително да плаќаат чистење на улиците и складирање на отпад. Сето тоа е вклучено во општинскиот данок, кој изнеусва 5 проценти. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација