КАКВИ „ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ“ СИ ЗАМИНУВААТ ОД МАЛИТЕ ЕКРАНИ, ГОЛЕМА „ЗАГУБА“ ЗА ЦЕЛ РЕГИОН - реакции по гасењето на реалното шоу Задруга
Објавено во: Балкан 14 Мај, 2023 14:14
Рефик Хрвиќ, преку својот фејсбук профил, преку ироничен коментар зборува за гасењето на реалното шоу „Задруга“, за што сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ, ги извести задругарите.
Како што е познато, овој потег следува по грозоморните убиства кои ја потресоа Србија, а за кои многу граѓани кои протестираа, веруваат дека биле инспирирани од шунд програмите, меѓу кои и реалните шоуа.
„‚Голема загуба' за целиот регион е што вакви „интелектуалци“ си заминуваат од малите екрани. Потребна беше трагедија дури тогаш да се реагира и да се запре овој разврат.
Искрено сочувство до сите оние гледачи, но и до гледачите кои до утринските часови ги следеа преносите на ова ѓубре, се јавуваа, гласаа и со тоа директно помогнаа ваквата „програма“ да се накалеми, подмлади и да пушти свои длабоки корени во општеството.
А неговите „забавни“ и „едукативни“ плодови сите уште долго ќе ги жнееме.
Можно е оваа популација на гледачи сега да доживее зголемена анксиозност, депресија и безнадежност, бидејќи сега треба барем малку повеќе да се грижите за себе и за својот живот, а тоа не е лесно, полесно е да се гледа и да се справува со други туѓи животи, туѓи паричници, туѓи проблеми... “, пишува Хрвиќ на својот фејсбук профил.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




