25 Ноември, 2024
0.0275

Какви мерки за зголемување на ливидноста донесе Владата?

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Мерки за подобрување на ликвидноста преку измени на законот за трговски друштва донесе Владата. Прво, во насока на поддршка на компаниите, Владата одлучи да ја намали висината на минимумот од општиот резервен фонд на друштвата кој што се пресметува како  процент од зафаќање на нето добивката. Досегашниот минимум од 15% се намалува на 5%. Исто така Владата одлучи вкупниот износ на резерви на друштвото кој претходно беше поставен на нивото од една петина од основна главнина да го намали на ниво една десетина од основната главнина. Значи досегашниот минимум на резервниот фонд од 15%  се намалува на 5%, а вкупниот износ на резервите од една петина од основната главнина се намалува на една десетина од основната главнина. Наместо компаниите секоја година да издвојуваат по 15% од нето добивката за резервниот фонд сега ќе издвојуваат по 5% што е намалување за три пати, и наместо вкупниот износ на резерва да биде една петина од основната главница сега ќе биде една десетина што е намалување на два пати. На тој начин Владата дава поддршка на компаниите, со што им овозможува ослободување на досегашните средства кои компаниите ги чуваа како резерви односно смрзнат капитал, да ги насочат кон нови инвестиции, подобрување на ликвидноста, финансирање на нивната дејност, во услови на економски предизвици. Второ, со нов член се предвидува надградба во квалитет на постапката за одобрување зделка со заинтересирана страна кај акционерско друштво чии хартии од вредност котираат на овластена берза, и тоа во насока на зголемување на транспарентноста на процесот . АД, пред донесувањето на одлука за одобрување на зделка со заинтересирана страна донесена од надлежен орган на акционерското друштво кое котира на овластена берза, а доколку вредноста на зделката што е предмет на одобрување надминува 10% од вредноста на активата на друштвото определена врз основа на последните ревидирани годишни финансиски извештаи, тогаш задолжително е потребно мислење од овластен ревизор кој ги исполнува условите пропишани со Законот за ревизија и Законот за хартии од вредност. Мислењето од овластениот ревизор се однесува на тоа дали зделката со заинтересирана страна е во согласност со важечките прописи во земјата, дали е фер, дали вредноста на зделката е утврдена според пазарните услови, дали постои несразмерност во взаемните  давања на страните, дали постојат и било какви други факти и околности кои би можеле да претставуваат основ за причинување на штета со препорака до малцинските акционери дали да ја поддржат зделката со заинтересирана страна. Одредбите од овој член нема да се применуваат  кога друштвото: врши исплата на дивиденда, издава хартии од вредност и дава финансиски услуги кои спаѓаат во доменот на редовното работење на акционерското друштво (банкарски, услуги во работењето со хартии од вредност, услуги поврзани со осигурувањето и сл.) кога истите се регулирани со посебни закони и се под супервизија на надлежен орган). Трето, во насока на заштита на акционерските права, се даваат нови права за малцинските акционери. Акционер со право на глас, доколку смета дека друштвото е оштетено поради постоење на очигледен несразмер помеѓу взаемните давања и чинења кои произлегуваат од  договор склучен меѓу заинтересирани страни, кој договор истовремено е нефер, односно вредноста на зделката не е утврдена според пазарните услови може да поднесе тужба до надлежен суд за поништување на договорот, и тоа во рок од една година од денот на сознавањето за постоењето на таквиот договор, но не повеќе од три години од денот на неговото одобрување согласно одредбите на овој закон.  Четврто, се воведува нова обврска, годишната сметка и финансиските извештаи задолжително да ги потпишува сметководителот односно овластениот сметководител кој ги составил, при што го наведува датумот на нивното составување и потпишување и регистарскиот број под кој е евидентиран во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, а потоа и застапникот на трговското друштво. Петто, во насока на исполнување на обврска произлезена од Високиот дијалог помеѓу Република Македонија и Европската Унија во делот на Главата за Функционална пазарна економија, се утврдува постапка за утврдување на статус на неактивен субјект и негово бришење од регистарот. Постапката ја поведува Централниот Регистар, фактите ги утврдува УЈП, и го известува ЦР за статусот на друштвото.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“