05 Декември, 2025
0.0338

Какви плати земаат вработените во маркетингот?

Објавено во: Анализа 19 Март, 2014 08:21

Добивај вести на Viber

Повеќе од 3.000 професионалци кои работат во маркетингот учествувале во едно од најопсежните глобални истражувања достапни во оваа индустрија. Освне анализите за просечна плата по сектори, оваа студија дава одговори и на прашањата за стресот на вработените во маркетингот, нивните ставови врзани за буџетите и односот на професионалците кон знаењето и новите вештини. Тоа што е очекувано е дека две третини односно околу 61% од нив се под стрес или притисок, а јазот помеѓу платата во 2014 година повоторно е покачен. Просечната плата во маркетингот за мажи на сите нивоа е 61.022 евра, а за жени 48.404 евра, што претставува значителна разлика. Треба да се има предвид дека станува збор за бруто плата на годишно ниво и дека испитаниците кои биле дел од анкетата работат на најразвиените пазари во светот. Меѓу оние со највисоки примања во маркетингот се директорите со просечна плата од 114.699 евра додека за нивните колешки тоа е 93.825 евра. Голем процент од нив се членови на управните одбори во своите компании и 45% од нив велат ека имаат маркетинг директори во своите компании. Најдобро и најлошо платени обврски во маркетингот по сектори за 2014 Просечната плата помеѓу 2012 и 2013 година е покачена за 3.050 евра, на 54.915 евра, а маркетинг директорите во просек заработуваат 105.121 евро, што е за 14,4% повеќе од минатата година. Во автомобилската, индустријата со алкохолни пијалоци и ТВ индустријата тие се најдобро платени. Просечното покачување на платата за претходната година е 3,7%, што е исто така просечно покачување за маркетинг менаџерите, од 44.856 евра на 46.954 евра. Рапределба на плати: жени наспроти мажи Разликата во плата помегу мажи и жени во маркетингот изнесува 18.000 евра. Просечната плата за мажи е 65.375 евра, а за жени 47.213 евра. Мажите имаат повисоки примања од жените во 20 различни категории за кој било спроведено истражувањето, додека жените заработуваат повеќе во само осум категории. Мажите кои работат како маркетинг менаџерии во просек заработуваат 48.619 евра, а жените 44.348 евра, што претставува разлика од скоро 10 проценти. Разлика постои делумно и поради тоа што мажите имаат по агресиваен пристап кога се во прашање покачувањата, иако жените почесто се посоодветни за таа работа и имаат поголемо чувство за детали. Стресот во маркетингот Маркетинг секторот се смета за еден од најзабавните сектори за работа, но иако работата им е да имаат креативни идеи, тие исто така се под висок стрес. 61% од испитаните одговориле дека се под стрес или притисок. Маркетинг експертите во спортот се под најголем стрес, речиси три четвртини од нив или 74,4%, тие исто така имаат и најниски примања во споредба со своите колеги од останатите индустрии. Просечните примања им изнесуваат 42.336 евра, во споредба со платата во целата индустрија која во просек е 53.575 евра. Меѓутоа, висината на стресот и платата варираат, со оние во автомобилската индустрија кој се помеѓу најплатените, иако во голем процент велат дека се под стрес или 67,7%. Оние кои се под најмал стрес се во секторот комунални услуги, само 47% од нив одговоиле дека чувствуваат стрес или се под притисок. Стресот е резултат и на порастот на степенот на важност на маркетингот како гранка. Недостаток на знаење во маркетингот Дигиталниот маркетинг е она во што на многумина им недостасува знење. Дури 31,7% одговориле дека би сакале да го зголемат своето знаење во оваа облсат. Социјалните мрежи се втората по ред најпопуларна област за која маркетинг менаџерите би сакале да нзаат повеќе. Спортските маркетинг експерти и оние кои работата на ТВ и во забавната индустрија чувствуваат најголем недостаок поради непознавање на социјалните мрежи. K.K.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени