Какви пораки испратија партиите на првиот ден од кампањата?
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2016 14:51
Денеска стартува изборната кампања, а партиите и коалициите тргнуваат во лов на гласови за претстојните избори кои ќе се одржат на 11 декември.
Отворање на нови 70.000 работни места се предвидени во новата програма „Реално“ со која ВМРО-ДПМНЕ настапува на предвремените парламентарни избори. Лидерот на партијата, Никола Груевски тврди дека ќе работат за намалување на невработеноста.
Радмила Шекеринска, носител на листа во изборната единица 5 од Коалицијата што ја предводи СДСМ, денеска од Битола најави реформи во државните институции ослободени од партиски притисоци и во служба на граѓаните. Вели дека административците нема да се отпуштаат, туку ќе работат во служба на граѓаните.
Коалицијата „ВМРО за Македонија“ денеска ја почна кампањата со положување цвеќе пред Споменикот на бранителите во паркот „Жена-борец“ во Скопје. Ќе се залагаат ќе бидат правата на македонските бранители и воените инвалиди со нерешени прашања.
Носителот на кандидатската листа на партијата Левица во ИЕ 5, Здравко Савески кампањата ја почна од Битола. Савески вели дека ја почнуваат борбата за враќање на демократијата и социјалната правда во Македонија. Според него, Македонија не е толку сиромашна земја за да има толкава сиромаштија.
Учесниците на изборите вчера потпишаа Кодекс со кој се обврзуваат на фер избори.
Изборната кампања завршува на 9 декември на полноќ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




