05 Декември, 2025
0.0269

Какво е влијанието на воените конфликти врз пазарите на подолг рок?

Објавено во: Анализа 24 Март, 2014 16:10

Добивај вести на Viber

Ако историјата е нешто за што можеме да се зафатимe, тогаш едно железно правило можеби важи и за берзите за време на војна - конфликтите влијаат позитивно на цените на акциите, но само кога инвеститорите ќе се убедат дека се на победничка земја. Пред и за време на војна владите на вовлечените земји ги зголемуваат даноците, посегнуваат по егзистенцијата на населението, вршат трошоци, печатат пари и предизвикуваат инфлација. За време на остри конфликти како светските војни, на пример, приоритет имале "тешките" индустрии - рударската индустрија, машинството, фармацијата, дури и одбраната и други , се разбира. Но каква е реакцијата на пазарите во присуство на конфликт, пред тој да се случи и откако ќе помине? Каков е односот на пазарните учесници кон акциите на компаниите во наведените сектори ? Како реагираат цените на државните обврзници, на суровините. А девизните курсеви? Истражувањето на на Федералните резерви во Сент Луис бара одговор на прашањето : какво е влијаниетона воените конфликти врз цените на финансиските инструменти и флуктуациите на стоковите пазари на долг рок? Аналитичарите вклучиле  над 100 локални и светски конфликти во периодот од 2 јануари 1974 година и 31 декември 2004 година, како и реакциите на пазарите во тој период. Прво, националните берзи, каде е поттикнат конфликтот, реагираат остро на ситуацијата во споредба со светските пазари на капитал. Експертите на ФЕД утврдуваат дека меѓу глобалните пазари на акции токму американскиот реагира најостро во ваков случај. Во извештајот се наведува дека дури е можно акциите да станат поскапи со оглед на очекувањата на инвеститорите за позитивен исход од создадената ситуација. Второ, токму за меѓународните конфликти се смета дека можат да имаат значително влијание врз берзите и во двете насоки ( позитивна и негативна ). Се забележува уште  и  дека во зависност од видот на средството и реакцијата е различна. Однесувањето на цените на акциите и на земјоделските производи е различно од ценовното однесување на златото, на нафтата и на девизниот курс на доларот. На пример, во 2003 година, кога конфликтот во Ирак влезе во пресудна фаза, цената на златото скокна на 6 -годишен врв до 370 долари за унца. Денес цената на златото е 1 400 долари. Зголемувањето на малку над 1 830 долари за време на финансиската криза од 2008 година не се должи на воени конфликти, но типично во двете ситуации е дека се зголеми побарувачката на благородни метали поради карактеристиката на безбедно прибежиште. Експертите на ФЕД во Сент Луис констатираат дека кога ризикот од војна се зголемува, приносот на 10 - годишните американски државни обврзници паѓа, цените на акциите се намалуваат, додека цената на нафтените деривати расте. Профитабилен се покажува и доларот. Трето, ФЕД во Сент Луис ги класифицира настаните и во зависност од регионот во кој тие се случуваат. Аналитичарите откриваат дека Азија и Блискиот Исток се регионите во кои конфликтите покажуваат најсилни ефекти врз пазарите на средства. Блискиот Исток очигледно е важен регион за индексите на водечките берзи, вклучувајќи и за цените на нафтата - 60% од создадените конфликти во овој регион предизвикаа флуктуации во цените на нафтените договори. Четврто, улогата на етничката поларизација при воспоставување генеза на реакциите на инвеститорите, претпоставува дека пазарите навистина ги зема предвид социјалната структура на земјите или регионите опфатени со конфликтот. На овој начин би се определиле очекувањата за интензитетот и времетраењето на ситуацијата. Ја следеле и логиката на тврдењата и во актуелниот конфликт меѓу Украина , Русија и Западот? Некои го опишуваат како "новата студена финансиска и економска војна ". Факт е дека на 3 март рускиот берзански индекс MICEX избриша 10 % од својата вредност само за ден. Целосна спротивност - главниот индекс во Украина, пак, се искачил со над 26 % од почетокот на годината. Во периодот,  широкиот репер S & P 500 искачи нов врв, но само за да се нурне повторно. Како целина - пазарите реагираат непредвидливо . Факторите што влијаат , се различни од ризикот од воен конфликт, на пример. Главниот заклучок на банкарите од ФЕД во Сент Луис е дека на долг рок воените конфликти не значително влијаат на цените на финансиските инструменти и флуктуациите на стоковите пазари. K.K.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени