КАМ ги објави поевтинетите производи од новогодишната кошничка, но и ја прошири листата
Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2024
Како транспарентна и одговорна компанија кон своите потрошувачи, КАМ ги објави производите кои ќе се продаваат по пониски цени во маркетите како дел од новогодишната кошничкаод 15 декември до 15 јануари.
Покрај препорачаните производи, КАМ самоиницијативно дополнително ја прошири листата на производи по намалени цени од асортиманот на приватни трговски марки како Bella Farm, Rancho, Gusto, Sunny Fantasy, Saluti, Milord, Chardak итн. со цел дополнително да ја зголеми понуда на производи по намалени цени за своите потрошувачи.
- Транспарентностаеоснова на нашиот однос кон потрошувачите со цел тие да можат да носат информирани одлуки и заедно да ја градиме довербата. Секој производ што влегува во новогодишната кошничка е јасно обележен со ознаката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Редовните промотивни активности како и секоја година продолжуваме да ги реализираме со зголемен обем со желба на купувачите да им ги направиме празниците поубави со тоа што секој потрошувач ќе може да си купи празнични производи со висок квалитет по ниски цени – велат од КАМ.
Производите веќе се достапни да се погледнат на веб-страницата mojakosnica.mk која е отворена во рамки на владината кампања „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, на FB профилот Моја кошница, како и на линкот од веб-страницата на КАМ
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.