14 Декември, 2024
0.0270

Меѓународно признание за иницијативата Global Engineer Girls

Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Иницијативата Global Engineer Girls (GEG) на Групацијата Лимак ја освои наградата Партнерство за одржливост за 2024 година, организирана од Глобалниот договор на Обединетите нации. Наградата беше доделена во категоријата „Луѓе“ и претставува меѓународна потврда за успешните активности што Групацијата Лимак ги реализира за зголемување на учеството на жените во областа на науката, технологијата и инженерството - СТЕМ области, придонесувајќи кон остварувањето на целите за одржлив развој.

Global Engineer Girls е меѓународна филантропска иницијатива, која започна да се спроведува во 2015 година во Турција, а во 2022 година ги прошири своите активности и во други земји, вклучително и во Северна Македонија, трансформирајќи се во меѓународна програма. Главна инспирација за нејзиното покренување беше организациската култура на Групацијата Лимак за зголемување на застапеноста на жените во СТЕМ областите.

Иницијативата GEG има за цел да го зголеми учеството на жените во професии и индустрии каде што тие се традиционално помалку застапени и да ја зголеми родовата еднаквост во општеството. Проширувајќи го опсегот на своето делување, иницијативата го зголемува своето влијание и обезбедува поддршка на одржливиот развој на глобално ниво.

Од почетокот на реализацијата на инцијативата во нашата земја, Global Engineer Girls North Macedonia обезбеди поддршка за 54 студентки запишани на електротехничките, машинските, градежните и факултетите за информатички технологии на државните универзитети од целата земја. Поддршката што GEGNorthMacedonia им ја дава на идните жени-инженери, покрај стипендии, вклучува и можности за практикантска работа, учество во менторска програма и обуки за развој на дигитални и друг вид „меки“ вештини.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

A1 го најавува нaјновото издание на најголемиот е-спорт настан во земјата - Седмото издание на А1 Game Fest со финале на 14 и 15 декември

A1 го најавува нaјновото издание на најголемиот е-спорт настан во земјата - Седмото издание на А1 Game Fest со финале на 14 и 15 декември

Втора панел дискусија на dm: Грижата за себе за време на менструацијата да прерасне во месечен ритуал

Втора панел дискусија на dm: Грижата за себе за време на менструацијата да прерасне во месечен ритуал

Гуматек: Истражувањето за јавната свест и навиките за отстранување на отпадните гуми

Гуматек: Истражувањето за јавната свест и навиките за отстранување на отпадните гуми

Истражувањето ја открива јавната свест и навиките за отстранување на отпадно моторно масло

Истражувањето ја открива јавната свест и навиките за отстранување на отпадно моторно масло

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Васко Марковски: Биографијата на Јован Спасеновски-Џагула e инспирација за спортисти и за неспортисти

Васко Марковски: Биографијата на Јован Спасеновски-Џагула e инспирација за спортисти и за неспортисти

Традиционалната македонска храна и нотите на Дуке Бојаџиев – инспирација за третото издание на „Трајни културни вредности“

Традиционалната македонска храна и нотите на Дуке Бојаџиев – инспирација за третото издание на „Трајни културни вредности“

Како до здравствена заштита базирана на вредности за онколошките пациенти

Како до здравствена заштита базирана на вредности за онколошките пациенти

АИТОНИКС го проширува партнерството со Philips, додавајќи нова категорија производи во своето портфолио!

АИТОНИКС го проширува партнерството со Philips, додавајќи нова категорија производи во своето портфолио!