06 Декември, 2025
0.0372

КАМ одбележува 30 години јубилеј - успешна македонска приказна изградена со доверба и квалитет

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2025 07:46

Добивај вести на Viber

КАМ, македонскиот број еден, годинава одбележува три децении јубилеј и влегува во ново поглавје од својата успешна македонска приказна заснована на квалитет и доверба. Пионер во многу сегменти во полето на малопродажбата, компанијата е позната по грижата за секој потрошувач и по тоа што ги донесе ниските цени на пазарот.

- Годишнината не е само празнување на минатото, туку и ветување за иднината. Три децении сме покрај нашите потрошувачи и заедно ја пишуваме оваа успешна приказна. Нивната доверба е нашата најголема награда и нашата најголема одговорност. Затоа и во иднина ќе останеме посветени на истата мисија – редовно ниски цени, висок квалитет и грижа за секој купувач – посочуваат од менаџерскиот тим на КАМ.

Патувањето на КАМ започнува во 1995 година со отворањето на првата продавница „Камфуд“. Во 1999 година се отвораат вратите и на првиот хард-дисконт маркет под името КАМ – момент што означува нова филозофија на купување во Македонија: висок квалитет по ниски цени достапен за секого. Со годините, КАМ носи многу новитети: првата приватна марка „Алпико“ во 2003, првите маркети во Бугарија во 2016, почнување со работа во Косово во 2016 и отворање на сопствениот логистички центар во 2021. Денес, мрежата на КАМ брои 86 маркети во Македонија и 26 во Бугарија. Компанијата континуирано работи на освежување и проширување на асортиманот, а денес понудата опфаќа повеќе од 1.700 производи, од кои над 600 се приватни трговски марки.

КАМ и во 2024 година го задржува приматот на најголем работодавец помеѓу трговските синџири во земјава со повеќе од 1500 вработени и е прогласена за вработувач кој обезбедува највисока просечна плата помеѓу конкурентите во категоријата.  Исто така учествува во општествено одговорни иницијативи од областа на култура, спорт, едукацијаи екологија.

КАМ осум години по ред е маркет број еден во Македонија според потрошувачите. Носител е на признанија „Best Buy“ за најдобар сооднос цена–квалитет и „Qudal“ за апсолутен квалитет. Но, најголемото признание е довербата и лојалноста на купувачите. Во текот на сите овие години, КАМ не е само место за купување. Компанијата континуирано ја поддржува македонската економија, соработува со повеќе од 160 локални производители, а на македонскиот пазар само во 2024 година пласира домашни производи во вредност од над 113 милиони евра. Додека, над 4,5 милиони евра е извозот што истата година го реализирале македонските производители преку продажната мрежа на KAM на пазарите во Бугарија и Косово. Вложувањето во модерна инфраструктура и поддршката на локалната заедница се само дел од стратегијата на компанијата да остане сигурен и одговорен партнер на македонскиот пазар.

Новото истражување на агенцијата „Инсајдер ИД“ го потврдува тоа што граѓаните одамна го знаат: КАМ е најпрепознатливиот македонски бренд формиран по осамостојувањето на државата (со доминантен домашен сопственик) и компанија на која потрошувачите најмногу ѝ веруваат. Овој јубилеј е, пред сè, потврда на таа доверба и на трајната врска помеѓу брендот и потрошувачите.

Во октомври и ноември се планирани голем број активности кои ќе бидат вистинско изненадување за граѓаните. Ќе се реализира голема наградна игра со вкупен фонд од над 3.000.000 денари и се разбира голем број промоции и попусти. Планирана е голема забава отворена за сите граѓани, по повод отворањето на нов маркет во Кисела Вода, кога и ќе биде најавен новиот Retail Park како дел од идните планови за развој.

КАМ не одбележува само јубилеј туку и влез на компанијата во ново поглавје, но со иста мисија – висок квалитет по редовно ниски цени и грижа за секој потрошувач.


*Пр објава


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј