15 Јануари, 2025
0.0832

Камбек на Хаџимишев: Топлификација нема да грее, ама влегува во бизнисот со струја и гас!

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Топлификација го напушта бизнисот со парно греење и влегува во нов бизнис. Компанијата најавува влез во бизнисот со природен гас и струја.

  Од Топлификација посочуваат дека на дел од овие проекти се работело и досега, а сега ќе се реализираат како надворешна услуга на фирми кои се носители на дадени лиценци. Топлификација Инжинериг ќе биде фирмата преку која ќе се реализираат ноите проекти.

„За првиот поголем дистрибутивен систем за природен гас реализиран во Струмица, Топлификација Инженеринг го работеше главниот проект, а сега е надзор на реализацијата на приклучоците до поедините корисници. Со почетокот на работа на системот во грејната сезона 2012/2013 Топлификација Инженеринг ќе почне да дава услуги на овој систем во доменот на управувањето и контролата на потрошувачката на гас, развојот на користење на гас во колективни станбени згради и во делот на фактурирањето и наплатата на испорачаниот гас“ објаснуваат од компанијата и додаваат дека во моментот се работи на обезбедување стратешки партнер за реализација на дистрибутивен систем за природен гас во град Скопје.

Втор бизнис со кој ќе се занимава Топлификација е снабдувањето со струја за малите компании што треба да станат квалификувани потрошувачи, односно сами да си набавуваат електрична енергија на слободниот пазар. Според Законот за енергетика и Пазарните правила за електрична енергија, од средината на следната година на пазарот на електрична енергија се појавуваат нови 140 квалификувани потрошувачи кои ќе се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар.

“Основна карактеристика на снабдувањето на овие потрошувачи со електрична енергија ќе биде нивното групирање во “Балансни Групи“ со кои ќе управува “Балансно Одговорна Страна“. Овој начин на снабдување со електрична енергија подразбира сите потрошувачи во Балансните Групи  да бидат контролирани од Балансно Одговорна Страна со цел Балансните Групи да имаат што помали трошоци за балансирање, а со тоа и помали трошоци за електрична енергија “велат од Топлификација и додаваат дека за овој проект веќе се почнати прелиминарни разговори со потенцијалните членови на Балансните Групи и со почетните анализи на нивната потрошувачка а направени се и почетните разговори со неколку заинтересирани трговци на електрична енергија за овој проект.

Топлификација бара 16 милиони евра од регулаторната комисија Топлификација повеќе од 45 години се занимава со производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Од компанијата соопштуваат дека нивната основна дејност никогаш не била економски атрактивна и најчесто годините ги завршувале со мали позитивни или мали негативни резултати.

“Исклучок од таквите состојби се средината на осумдесеттите години од минатиот век кога Топлификација е најголем загубар во тогашна Југославија и 1993 година која Топлификација ја завршува со загуба од десетина милиони долари и со вкупен долг на крајот од 1993 година од дваесетина милиони долари. Ваквата состојба е присутна и во моментот во скоро сите топлификациони системи во регионот “, велат од Топлификација.

Од 1994 до 2011 година, Топлификација има позитивни финансиски резултати, иако во периодот од 2006 до 2009 има загуби од работењето на регулираните дејности. Сепак резултатите се позитивни, бидејќи во тој период Топлификација ги продава своите акции во Комерцијална Банка, заради вложување во ТЕ-ТО. Од продажба на акциите е остварена добивка од околу 7 милиони евра и вкупен приход од околу 8,5 милиони евра. Вкупниот приход од продажбата на акциите е инвестиран во ТЕ- ТО, а билансните добивки од овие продажби ги покриваат загубите од регулираните дејности во тој период.

Но, бидејќи  менаџментот на Топлификација смета дека регулаторите направиле штета на компанијата со цените за парното греење што ги одобрувале во периодот од 2006 до 2009 направил две експертизи.

Едната на PriceWaterhouse Coopers и другата на Moore Stephens. PriceWaterhouse Coopers вкупните штети ги проценува на околу 18 милиони евра, додека Moore Stephens на околу 16 милиони евра.

Топлификација поднесува пријава за штетите направени,  како што тврди, од регулаторите во периодот од 2006-2007 година, а Јавниот Обвинител на град Скопје во јули 2010 година поднесува кривична пријава и покрена истрага против петте члена на Регулаторната комисија за енергетика во тој период. Во моментот се уште тече спорот помеѓу РКЕ и Топлификација за штетите направени со одлуките на регулаторите, а Топлификација побарува 16 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира