05 Декември, 2025
0.0287

Камен-темелник за нова катна гаража во општина Центар

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2013 16:20

Добивај вести на Viber

Премиерот Никола Груевски и градоначалниците на Град Скопје и на oпштина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ денеска го означија почетокот за изградба на катна гаража во центарот на Скопје, до зградата на поранешна „Нова Македонија“. Новата катна гаража е на површина од 8.438 метри квадратни, ќе има седум нивоа над земја и едно ниво под земја, со 189 паркинг-места. Проектот треба да биде завршен за 12 месеци. Инвестицијата изнесува околу 238 милиони денари. Изведувач на проектот е Пелагонија АД Гостивар. Обезбедувањето соодветен паркинг-простор, според Груевски, е предизвик за сите поголеми градови и метрополи во Европа и во светот.А изградбата на оваа катна гаража, според Груевски, е во рамки на големиот инфраструктурен проект за изградба на седум катни гаражи во центарот на градот во чии рамки досега почнаа да се градат пет катни гаражи, а денеска беше поставен камен-темелник и на шестата. - Овој предизвик веќе подолго време е карактеристичен и за Градот Скопје, особено во последните години во кои главниот град има се поголема флуктуација на луѓе, возила и туристи. Со овој проект, но и со сите останати во делот на изградбата на улици, булевари и паркинг-простор кои во минатото се реализираа и кои во иднина ќе се реализираат Градот Скопје продолжува да се развива како модерна и функционална метропола на нашата држава, истакна премиерот Груевски. Градоначалникот Тодоровиќ рече дека потребата од катна гаража на оваа локација е повеќе од неопходна со оглед на, како што рече, тоа што тука се наоѓаат повеќе институции. - Изградбата на овој објект предвидува седум нивоа над земја и едно ниво под земја. Приземјето и дел од катовите се наменети за деловен простор, на останатите нивоа над земја е распределен јавниот паркинг простор, додека на нивото под земја е предвиден гаражен простор за потребите на вработените од деловно-трговските објекти. Сите катови се поврзани со вертикални комуникации (складишно јадро и два лифта), изјави Тодоровиќ. Ова е втора катна гаража чиј инвеститор е општина Центар, по катната гаража Судска палата која има околу 500 паркинг-места и ќе се пушти наскоро.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип