Каменос дочекан со гнев во опожарените населби, тој им врати дека сами се виновни
Објавено во: Балкан 27 Јули, 2018
Министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос во опожарените населби околу Атина бил дочекан со гнев од локалното население, но тој им возвратил дека сами се виновни затоа што дозволиле да никнуваат дивоградби.
Жителите по 15-те пожари и 82-те жртви, за страшните последици ја обвиниле власта.
Каменос за ваквиот распоред на градбите ги обвинил жителите и рекол дека илегалните градби ги спречиле луѓето во бегството. Бесните жители го дочекале во текот на посетата на уништените подрачја источно од Атина.
„Дозволивте луѓе да изгорат. Не препуштивте на божја милост”, рекла една жена пред министерот. Тој ги демантирал обвиненијата дека владата потфрлила и не успеала да ги заштити своите граѓани.
„Станува збор за злосторство од минатото. Брегот на Атина, сите тие градби, повеќето се без дозвола и го зафатиле брегот спротивно од правилата”, рекол Каменос.