БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето
Објавено во: Балкан 14 Мај, 2024
Како што јавуваат медиумите од регионот, вчера во Хрватска е пронајдено бебе завиткано во ќебе и оставено во контејнер.
Според информации добиени од тамошните полициски претставници, бебето кое синоќа некој го остави во контејнер во Запрешиќ, Хрватска е надвор од животна опасност.
- Загрепската полиција во рок од 24 часа потврди дека бебето пронајдено кај Запрешиќ е надвор од животна опасност - објави „Курир.рс“.
По пријавата и откривањето, полициските службеници повикале брза помош и новороденчето било пренесено во болницата Свети Дух. Засега не се знае која е мајката.
Да потсетиме, во Запрешиќ кај Загреб беше пронајдено бебе завиткано во ќебе и фрлено во контејнер. Според првите информации од местото на настанот, бебето било облеано во крв и имало повреди на главата.
На местото каде што е пронајдено бебето имало и 15-годишно дете кое побарало помош од минувачите. Не се знае дали има врска со бебето или е случаен минувач.
Фото: Принтскрин/Твитер
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.