Камерон: Сакам место за Велика Британија во реформирана ЕУ
Објавено во: Свет 25 Јануари, 2013 21:54
Сакам да бидам запаметен по повторното покренување на британската економија, по зајакнувањето на домашното општество и посебно, по обезбедувањето место за Велика Британија во една реформирана ЕУ, вели британскиот премиер Дејвид Камерон.
Тој денеска во интервју за Си-ен-ен, зборувајќи од Давос истакнува дека станува збор за британски интереси, но дека во прашање се и интересите на Унијата. Тој вели дека ЕУ сега со 27 членки ќе мора да се менува.
- Брисел честопати знае да оди предалеку и да претерува со наметнати барања и законодавството во социјалниот сектор, при вработувањето и во заштитата на чвековата околина, оценува Камерон.
Изјавата на британскиот премиер доаѓа по навестувањето на Камерон за одржување референдум во Велика Британија за напуштање на ЕУ, што би се оддржал по 2015 година и следните парламентарни избори. На предавање за британско-европските односи во Лондон, тој соопшти дека ќе има референдум доколку победи на парламентарните избори за нешто повеќе од две години и доколку Брисел не се согласи со ревизија на односите на Велика Британија со Унијата.
Само два дена подоцна, зборувајќи во Давос, на светскиот економски форум, Камерон рече дека барањето за поинаква ЕУ не значи дека тој и врти грб на Унијата.
Европските лидери во најголем број, негативно реагираа на британските барања за нови преговори околу членството на Велика Британија. Само Германија навести дека е подготвена да разговара со Лондон и да види што навистина сака Камерон.
Британските лабуристи и либералдемократите ја осудија европската политика, нарекувајќи ја штетна за британските интереси. Лидерот на либералдемократите и заменик премиер Ник Клег изјави дека е „неверојатно оти ЕУ ќе се согласи со менување на своите правила, само за да и угоди на Велика Британија“.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




