Kампања против евроскептицизмот ќе го чини ЕП 2,3 милиони евра
Објавено во: Свет 04 Февруари, 2013 12:54
Европскиот парламент планира да потроши 2,3 милиони евра за пропаганда непосредно пред европските парламентарни избори во 2014 година, објави весникот „Дејли телеграф“, повикувајќи се на доверлив документ на ЕП.
Најголемо внимание ќе биде посветено на земјите во кои се зголемува евроскептицизмот, се наведува во документот. Согласно планот европските експерти ќе бидат обучени да се иразуваат како интернет корисниците кои пишуваат провокативни коментари на форумите и социјалните мрежи со цел да предизвикаат жестоки дебати.
Обучените според програмата за следење на интернетот ќе имаат задача во реално време на мрежата да го следат развојот на јавните ставови за водечките проблеми. Кога дебатата на некој форум или социјална мрежа ќе се насочи кон евроскептицизмот благодарение на некој од провокативните коментари, обучените патролни експерти ќе можат да реагираат брзо, да интервенираат, да влијаат на разговорот, да обезбедат факти и бројки кои ги разтокриваат таквите митови. Овие специјално обучени лица ќе ги следат и печатените медиуми и потоа ќе го информираат ЕП за степенот на евроскептицизмот во земјата.
Според Пол Натол, член на евроскептичарската Партија за независност на Велика Британија, да се трошат пари за создавање европски службеници кои ќе вршат мониторинг на интернет прострот е спротивно на објективноста на европските институции. Британскиот политичар идејата ја оценува како смешна и непотребно трошење на средства.
Можеби ќе ве интересира
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ




