16 Јануари, 2025
0.0248

Кампања „Патот до здрави заби“: Дечиња од Скопје и Тетово се дружат со Четко Четковски

Објавено во: Мои пари, Македонија 29 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Најмладите Тетовчани, денеска, ќе се дружат со нашиот јунак од кампањата „Патот до здрави заби“, Четко Четковски. Дружењето ќе се случи во Рамстор, во трговскиот центар Палма Мол. Исто така, Четко се дружеше и со своите пријателчиња од Скопје во Зоолошката градина, каде ја играа играта „Кула“.

Lacalut zoo 1

„Децата се нашата инспирација, нашиот главен мотив за оваа кампања. Дружењето со децата е најблагородната работа, а споделувањето насмевки со нив е највозвишеното чувство. Покрај дружењето преку игра, разменуваме и едукативни информации кои ќе им помогнат како правилно да ги мијат своите запчиња, колку често тоа да го прават и зошто редовно треба да ги четкаат запчињата. Играјќи ја играта Кула успеавме во тоа.“, Патувањето на Четко со дечињата ќе продолжи и понатаму во рамки на кампањата насловена како „Патот до здрави заби“.

Кампањата ќе се реализира под слоганот „Секој ден четкај и со здрави заби светкај“ и има цел да ги научи децата на една исклучително здрава навика, значајна за целокупното здравје на организмот, почнувајќи од здрава исхрана како што се овошје и зеленчук, преку начинот на одржување на хигиената на запчињата се до тоа како да се зачуваат запчињата здрави, бели и цели!

За да го поминат патот до здрави заби, дечињата заедно со Четко играат неколку игри кои ќе им помогнат да научат зошто е важно да ги мијат запчињата редовно. За времетраење на кампањата, за секој купен Лакалут детски производ, дечињата ќе добиваат боенки со кои ќе имаат можност да учествуваат во сите игри кои ќе следуваат.

Lacalut zoo

Како јунаци на Четко, дечињата за добрите резултати ќе бидат соодветно наградени. А сите останати учесници и минувачи, кои ќе се дружат со Четко, ќе добијат симболичен подарок.

За сите игри и можности за дружење, Четко и Лакалут ќе Ве информираат преку социјалните медиуми (Facebook страницата Четко Четковски), како и преку интернет страната на Натусана.

На следниов линк https://youtu.be/DYxzG0uJd5o е видеото од првото дружење на Четко со најмладите Скопјани.

Можеби ќе ве интересира

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE