Кампањата на Хилари Клинтон ќе чини 2,5 милијарди долари
Објавено во: Свет 13 Април, 2015 11:41
Предизборната кампања на поранешниот државен секретар на САД Хилари Клинтон ќе чини 2,5 милијарди долари, пресмета „Њујорк тајмс“.
Самата таа најави дека влегува во кампањата за претседател со намерно пуштено видео по социјалните медиуми.
Во видеото Клинтон вели, дека сака да биде шампион во борбата на обичните Американци за подобрување на економијата на САД.
„Американците се бореле за враќање од тешки економски времиња, но изгледот на палубата сеуште е во корист на оние кои се на врвот“, вели Хилари.
„Обично Американците имаат потреба од шампион и јас сакам да бидам тој шампион“, раскажува во видео записот Хилари Клинтон.
Видеото започнува со слики на избрани групи Американци кои ги опишуваат своите планови за иднината, вклучувајќи го и отпочнување на бизнис, подготовка за пензионирање или планирање на истополов брак.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=0uY7gLZDmn4[/embed]Во минатата претседателска трка во 2008 година Хилари загуби од сегашниот претседател Барак Обама, а потоа ја предводеше дипломатијата од првиот мандат.
Таа успеа да посети 112 земји и дочека бурни настани како Арапската пролет и воената интервенција во Либија пред 4 години.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




