Добивај вести на Viber
Иако беше дадено како предизборното ветување, од општина Велес побараа дислоцирање на сите кампери покрај Велешкото Езеро. На сопствениците на камп приколките им е даден рок од еден месец да го напуштат местото бидејќи на тоа место ќе никнат хотели.
Како што пишува порталот „Лисица“, има пишано известување залепено на секој објект.Камперите се изненадени, а барањето за отстранување на приколките е неприфатливо.
„Не известија дека треба да ја тргнеме приколката само незнаеме за што. Наводно некој од Хрватска сакал да го откупи овој простор“, револтирани се сопствениите на приколки.
Камповите треба да се отстранат бидејќи парцелите се наменети за нови хотели и мотели. Општината сравува дека моменталната грда слика на Велешко ќе ги избрка инвеститорите.
„Делот во кој се наоѓаат има поставено цврсти делови, како што се огради, церади, тенди и мора тоа да се отстрани. Слободно може да се каже дека ова не остава пријатна слика и поради тоа потребно е да се расчисти просторот“, вели Мартин Мајсторов, портпарол на Општина Велес, пренесува Дума.
Проблемот со дивите кампери се провлекува веќе триесетина години. И покрај обидите за решавање кога во неколку наврати им беше одреден надомест кои и го плаќаа на општината, камперите не успеаја да издејствуваат изградба на модерен авто камп. Такво барање сега општината испратила до министерството за транспорт и чека дозвола од таму.
Како туристички ќе се развива Велешкото езеро зависи и од тоа како ќе се одвива продажбата на осумте парцели на кои е предвидена градба на новите хотели.