19 Декември, 2025
0.0384

КАНАДА: Терористот против војникот со празна пушка!

Објавено во: Свет 23 Октомври, 2014 13:51

Добивај вести на Viber

Осомничениот напаѓач на канадскиот Парламент, 32-годишниот Мајкл Зехаф-Бибо од Квебек неодамна се преобратил во ислам, а разузнавачките служби го опишале како „патник со висок ризик“. Полицијата го уби напаѓачот вчера, откако тој отвори оган врз војникот Нејтан Сирило, меморијалниот воен споменик и зградата на канадскиот Парламент. Но, се претпоставува дека делувал со уште тројца соучесници, кои се во бегство. На Зехаф-Бибо неодамна пасошот му бил конфискуван за да не замине во воените мисии на Блискиот Исток и се наоѓал на листата за набљудување на осомничени терористи. Според податоците на канадската полиција, уште во 2003 година тој бил осуден за грабеж и поседување на оружје, а бил под истрага и за поседување на дрога. Имал намера наскоро да замине за Блискиот Исток за да учи арапски јазик и исламска религија, а потоа да и се приклучи на радикалната Исламска држава. Неговите пријатели сведочат дека неговиот интерес за исламот неодамна пораснал и тој заочнал да верува дека шејтанот (ѓаволот) е присутен насекаде во светот. „Мислам дека ментално заболе“, раскажал еден негов познаник. Досега ниту една терористичка или исламска организација не презела одговорност за нападот, кој ја потресе Канада. http://www.youtube.com/watch?v=XrGqoISd-do Војникот Нејтан Сирило, 24-годишен самохран родител, немал никакви шанси да се одбрани од налетот на Зехаф-Бибо, бидејќи пушките што ги оси почесната стража пред канадскиот Парламент воопшто не се наполнети. Сирило бил припадник на планинските ренџери, резервна единица на канадската војска, составена главно од пешадија. Припадниците на единицата се менуваат секој час пред споменикот пред канадскиот Парламент, а судбината сакала токму во кобниот час кога Зехаф-Бибо тргнал во нападот токму Сирило да биде на должност. Тој бил самохран татко кој сакал фитнес, животни и кантри музика. Грижата за неговиот син, кој оди во градинка, сега ќе ја преземе мајката на убиениот војник Кети.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците