20 Декември, 2025
0.0370

Канадски ученици кои се движат по патот на мигрантите пристигнаа и во Македонија

Објавено во: Мои пари 15 Март, 2017 11:11

Добивај вести на Viber

Ученици од Appleby College во Онтарио, Канада се тргнати на патешествие со цел да ги посетат сите држави низ кои минуваат мигрантите, а деновиве патот ги донесе и во Македонија. Во рамки на проектот, тие во секоја земја се занимаваат со хуманитарни активности па таков беше случајот и во нашата држава каде заедно со уште 10 гимназисти од меѓународното училиште „Нова“ во Скопје реализираа два проекти. Вчера (вторник, 14 март) одржаа едукативни работилници и ги бојадисаа ѕидовите на социјалниот центар „Надеж“ во Шуто Оризари каде се згрижуваат ромски деца кои доаѓаат од  социјално загрозени семејства, многудетни или пак семејства со самохрани родители итн. Додека во понеделникот, студентите од Канада заедно со гимназијалците од „Нова“ работеа и во Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ лоциран во Топаанско поле.

Заедно со 10-те студенти од Канада е и професорот Александар Панев кој предава општествени науки во Appleby College и по потекло е од Македонија. Групата ќе остане во земјава сè до четврток кога ќе заминат кон следната точка од нивната рута каде ќе продолжат со своите хуманитарни проекти во партнерство со локални институции.

- Патот низ Источна Европа е со цел да им се овозможи на учениците да запознаат различни култури како македонската, албанската, ромската, српската, унгарската, словачката и австриската. Идејата е да им се даде шанса да вкусат нешто ново, да се здобијат со мултикултурно искуство кое потоа ќе го однесат со себе и ќе го споделат во својата заедница односно со семејството и пријателите. Воедно сакаме да ја разберат и комплексноста на меѓународната политика, економија и општество. Учениците ќе се запознаат, работат, учат и комуницираат со различни заедници и националности; ќе посетат две училишта во Македонија и Словачка како и повеќе градови каде ќе вкусат од прва рака различни култури и животи на локалните жители – вели Панев.

Appleby College е формиран пред повеќе од еден век и е една од најпрестижните образовни институции во Канада каде учат деца од цела Канада, но и од други континенти ширум светот. 

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии