Кандидатите за претседатели на Кривичен и Врховен на вонредно оценување
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2016 18:15
Судскиот совет на Република Македонија донесе одлука да спроведе вонредно оценување на кандидатите за нов претседател на Основниот Суд Скопје 1 кој се занимава со кривични предмети. Канидатите се од судската фела меѓу кои се Владимир Панчевски, Иван Џолев, Владимир Туфегчиќ и Лидија Неделкова во среда ќе бидат вонредно оценувани од страна на Судскиот совет.

Исто така е донесена одлука дел од седницата кога ќе се извршува оценувањето, како и разгледување на Извештај од Апелационен суд Битола и на состојбите во Основен суд Скопје 1 Скопје да биде затворен за јавноста.
Ова доаѓа по бројните меѓусебни обвинувања на судиите непрофисоналност и непочитување на прописите и правилата. Актуелни претседатели на Кривичниот и Врховниот суд се Владимир Панчевски и Лидија Неделкова кои и двајцата бараат нов мандат.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




