Добивај вести на Viber
Слаба реализација на капиталните инвестиции во првите четири месеци од годината, покажуваат официјалните податоци на Министерството за финансии. Од вкупно планираните 412 милиони евра за капитални инвестиции, во првите четири месеци од годинава се реализирале близу 70 милиони евра, што е околу 16 отсто од планираното.
А токму растот на БДП минатата година беше набилдан благодарение на реакцијата на владата, во смисла на зголемена јавна потрошувачка, во услови кога беше јасно дека политичката криза го потисна приватниот сектор и тој беше целосно воздржан, смета универзитетскиот професор Марјан Петрески. И ако сега тоа престане, тогаш може да се очекува дека ќе се оствари песимистичкто сценарио на НБРМ за растот на економијата. „Слабата реализација на капиталните инвестиции може да укажува дека владата се откажала од ваква неутрализација на ефектите од политичката криза. Меѓутоа, за поцелосна слика, треба да ги сочекаме податоците за БДП во првиот квартал, за да може подетално да согледаме како се однесувала владата, во смисла на вкупната јавна потрошувачка и инвестиции. Но, ако владата не врши неутрализација на оваа замрзнатост на приватниот сектор, тогаш пореално станува сценариото во кое растот би бил преполовен во однос на она што би бил во нормални услови,
вели Петрески.
За власта историски најголеми инфраструктурни инвестиции, за опозицијата потфрлањето кај капиталните инвестиции е показател дека владата не се откажува од непродуктивните трошења за сметка на вистинските потреби
За потфрлањето на реализацијата на капиталните информации засега нема официјален коментар од власта, но сепак тие остануваат на ставот дека во земјава за првпат се најавени капитални инвестции на историски нјависоко ниво.
„Никогаш до сега не се работело и не се инвестирало во патната инфраструктура како што оваа Влада моментално работи, изјави неодамна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
За опозицијата смета дека сумата на реализарни капитални инвестиции е премала, со оглед декаво првиот квартал се рализирани се само 16%,или 68 милиони евра, а во ставката други градежни работи се реализирани само 13% или 27 милиони евра.
„Со ова се гледа дека државата не може да го реализира она што го проектирала и затоа се крати во делот капиталните инвестиции. Но, во ставката купување автомобили гледаме дека се реализирани 25% од предвидената сума што во вакво турбулентно време е недозволиво, вели
Благој Бочварски Претседател на комисијата за транспорт во СДСМ.
Според Бочварски, државата прави целосно погрешна распределба на буџетските средства.
„Од акцизата за нафта одвојуваат околу 35 – 40 милиони евра годишно за изградба на патишта што е 4 до 5 %, а по закон мора да се одвојуваат најмалку 20 %. Од овде се гледа дека државата многу малку вложува во изградба на патишта од домашни средства. Од вкупната годишна сума во програмата за реализација на проектите за изградба, реконструкција и одржување на патишта дури 75 % се преку заеми и кредити, вели Бочварски, и посочува дека нивната програма предвидува 3 милијарди евра инвестиции за десет години во патната инфраструктура, и укинување на непродуктивни трошења за згради и споменици.
Буџетот се полни добро, но неизвесно е дали ќе продолжи со исто темпо особено што кризата се продлабочува од една страна, но и доколку годинава има избори, и се почне алиментирања за предизборните ветувања
Полнењето на буџетот во првата третина од годината не покажува сериозни знаци на слабост, но прашање е дали тоа ќе продолжи со исто темпо и натаму, со оглед дека политичката криза се повеќе се продлабочува а разрешница засега нема.
„Изненадувачки, даночните приходи кои се одраз на состојбата на економијата во целина, се исполнети со 32.6%, што е, грубо кажано, близу до една третина, колку што и поминало од годината. Меѓутоа, тоа не значи дека таква динамика ќе се одржи во економијата и понатаму, особено што ескалацијата на политичката состојба почна кон крајот на април, вели Петрески.
Сепак, Петрески додава дека динамиката на трошењата може да детерминира недостиг од средства, особено ако се премине кон интензивно алиментирање предизборни ветувања, како што видовме во минатото.
„Така што, би рекол дека прашањето за ребаланс е секогаш отворено, меѓутоа во моментов не гледам сериозна потреба за тоа. Но, состојбата треба константно да се преоценува, бидејќи брзо се менува во дадените околности. Но, состојбата треба константно да се преоценува, бидејќи брзо се менува во дадените околности,
објаснува Петрески.
С.Н.