„Капитол“ ќе блесне во Аеродром!
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2013 08:40
Од раководството не откриваат кои ќе бидат светските брендови, бидејќи како што велат тоа го чуваат како изненадување за денот на отворањето на трговскиот. Освен за гардероба, во трговскиот ќе има бутици со познати брендови за долна облека, детска облека и за чевли.
Трговскиот центар е на четири спрата и има сопствен подземен паркинг простор со капацитет за 400 возила. Горните спратови од хотелот ќе бидат резиденции, а продажната цена за нив изнесува 1.500 евра за метар иквадратен.
Уште кога почна изградбата инвеститорот најави дека станува збор за хотел од висока категорија од ланецот “Рамада“.
Се градат нови, старите трговски центри пропаѓаат
Трендот на изградбата на трговски ценатри во Скопје е се поприсутен последниве години. Инвестициите во трговските центри вредат неколку стотици милиони евра. Лани се отвори трговскиот центар Сити Мол чија што инвестиција беше во вредност од над 100 милиони евра. Само последните неколку години во време на економска криза и речиси најниска куповна моќ во Европа, во Скопје се изградија неколку големи трговски центри како Рамстор, Соравија, Зебра , Сити Галери, Веро, Лумикс.
Упатените во бизнисот велат дека и постоечките трговски центри не работат со полн капацитет, но цените за изнајмување на простор не се драстично намалени. И покрај тоа што и во дел од поновите трговски центри речиси секојдневно се затвораат дуќаните, според бизнисмените, никој инвеститор кој вложува милиони евра на одреден пазар, не го прави тоа без претходна добра анализа на потрошувачките навики на граѓаните.
Но од друга срана наспроти експанзијата од нови трговски центри, постоечките трговски центри изиградени во деведесетите години се оставени на забот на времето. Економската криза и конкуренцијата ги уништува некогашните бисери на трговијата.
Мавровка, Олимпико, Алуминка, Антико, стариот трговски во Капиштец и во Аеродром, трговскиот центар во трите кули во населбата Карпош, Скопјанка, Чаирчанка, со години стојат со руинирани празни дуќани, и по некој фризерски салон, деловна канцеларија или колонијал. Дел од просториите се издадени под закуп, дел зјаат празни бидејќи сопствениците речиси и да се откажале од идејата да ги издадат, а на прсти се бројат дуќаните кои работат. И овие трговски центри се наоѓаат на атрактивни локации, па дури и во близина на дел од новите трговски центри.
Според урбанистите проблемот не е во локацијата, туку причината за пропаѓањето на овие трговски центри ја лоцираат дел во државата, а дел во променетите на потребите на луѓето. Сепак во целата работа, дополнително свој удел има и економска криза, што според дел од бизнисмените е главната причина за пропаѓањето на центрите изградени во 90-тите години. Истражувањата на терен покажале дека, сега скопјани имаат потреба од големи затворени трговски центри.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





