Добивај вести на Viber
Поранешниот лидер на босанските Срби, 70 годишниот Радован Караџиќ, е виновен за две обвиненија за геноцид во седум општини, но се уште нема пресуда за масакрот во Сребреница, во кој беа убиени околу 8.000 муслимани, пресуди денеска Хашкиот суд.
Трибуналот пресуди дека Караџиќ е виновен за злосторства против човештвото во различни општини во Босна.
Читајќи ја пресудата во Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, судијата О-Гон Квон рече дека има многу злосторства извршени од силите на босанските Срби против босански муслимани и босански Хрвати во општините во БИХ, но оти тие не се сметаат за геноцид.
Изрекувањето на пресудата по другите точки од обвинението сè уште трае.